Врз основа на извршените испитувања на квалитетот на водата за пиење од водоводните системи во селата Волино, Горенци, Мешеишта, Оровник, Подмоље и Требеништа и добиените лабораториски резултати, констатирано е дека водата од наведените водоводни системи е здравствено исправна и безбедна за консумирање.
Граѓаните од овие населени места можат слободно да ја користат водата за пиење и за секојдневните потреби.
Општина Дебрца и ЈКП Дебрца и понатаму ќе продолжат со следење и контрола на квалитетот на водата, со цел заштита на здравјето на населението.
Прилог детални извештаи по населени места:
Општина Дебрца
ЈКП Дебрца