После цели две децении молк и неодговорност, време е да ја исправиме неправдата и да му го вратиме вистинското лице на споменикот кај с. Ботун.
Ова обележје премногу долго стоеше препуштено на забот на времето, иако се наоѓа на место кое секојдневно го гледаат стотици патници.
Доста беа празни зборови и бесцелно тапкање во место. Време е за конкретни чекори и работа на терен, за да му го вратиме секој дел од изгубеното достоинство.
Минатото го знаеме, историјата ја почитуваме, а делата се оние што остануваат зад нас.