Во Општина Дебрца имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со почесниот конзул на Република Србија во земјава, г-дин Михајло Филев.
Заедно со наставникот по физичко образование, Горан Цветковиќ, тие донесоа вредна донација од спортски реквизити — топки за кошарка, фудбал и одбојка — наменети за сите наши ученици од ООУ „Дебрца“! 



Детските насмевки беа најголемата награда и најдобра благодарност за оваа прекрасна донација.
Како градоначалник, особено ми е драго што со г-дин Филев негуваме долгогодишен, искрен и пријателски однос, кој преку вакви иницијативи продолжува да дава конкретни резултати за нашата општина и најмладите.

Голема благодарност до донаторите за поддршката на детскиот спорт и здравите навики! 