Menu
Предлози за доизградбата на канализациона мрежа во с. Мешеишта

Предлози за доизградбата на канализациона мрежа во с. Мешеишта

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Дебрца, започна постапка за изработка на техничка документација за доизградба на секундарна канализациона мрежа во село Мешеишта, со која се предвидува проширување на веќе изградената канализациона мрежа во селото, со цел целосно поврзување на објектите за кои во моментов нема услови за приклучок кон постоечката изградена канализациона мрежа.

За таа цел се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица да присуствуваат на состанокот кој ќе се одржи на ден 14.08.2018 год.(вторник) со почеток во 20:00 часот во службените простории на Општина Дебрца во село Мешеишта, да ги достават своите предлози околу доизградбата на канализациона мрежа во селото.

Доколку не сте во можност да присуствувате на состанокот, Вашите предлози во најкраток можен рок можете да ги поднесете до архивата на Општина Дебрца по писмен пат.

                                                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                 Зоран Ногачески

Инфраструктурни инвестиции за подобрување на спортот

Инфраструктурни инвестиции за подобрување на спортот

Согласно програмата за развој и подршка на спортот во општина Дебрца, изминатиов период се инвестира во подобрување на спортската инфраструктура.

На спортскиот полигон во Волино се  поставени бетонско цокле и нова мрежа на заштитната ограда, нови столбови за рефлектори, реконструирана е електричната инсталација, преостанува да се постават новите 18 лед рефлектори.
Санирана е соблекувалната на фудбалското игралиште во Лешани, поставени се 18 лед рефлектори на спортскиот полигон во Мешеишта, четири металхалогени рефлектори на одбојкарското игралиште во Велмеј, шест металхалогени рефлектори на спортскиот полигон во Оровник.
Во наредните денови предвидено е поставување на нови лед рефлектори и во спортската балон сала во Требеништа.- потенцираше градоначалникот Ногачески.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: ЈКП “ДЕБРЦА”

ИЗВЕСТУВАЊЕ: ЈКП “ДЕБРЦА”

Се известуваат физичките и правните лица кои се водоснабдуваат од Водоснабдителниот систем од “Св.Еразмо” ( Подмолје, Оровник, Горенци ) дека поради дефект на главната водоснабдителна мрежа, вечерва ( 05.08. 2018 година ) ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипите на Јавното комунално претпријатие се на терен. Се очекува најдоцна до утре, до 08.00 часот дефектот да биде отстранет.

ЈКП “ДЕБРЦА”

Честитка од Градоначалникот Ногачески по повод државниот празник 2 Август – Илинден, Ден на Републиката

Честитка од Градоначалникот Ногачески по повод државниот празник 2 Август – Илинден, Ден на Републиката

Почитувани граѓани,
Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зошто врз темелите што тие ги поставија опстојува Република Македонија.
Да го чуваме аманетот од Илинденците и Асномците и да ги негуваме и надградуваме придобивките од двата Илиндена, да ги оставиме разликите, од каква природа и да се, да покажеме меѓусебна почит и да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите и да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.
Нека ни се честити и вековити двата Илиндена!

Закажана 13-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 13-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 13-та седница на Советот на општината Дебрца 

Ја свикувам 13та седница на Советот на општината Дебрца.

               Седницата ќе се одржи на ден  31.07.2018 година (вторник) , со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:       (more…)

Се одржа првата културна манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”

Се одржа првата културна манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”

Денес се одржа првата културна манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”,која во организација на КУД “Дебрца”, а под покровителство на општина Дебрца за првпат се одржа во дворот на Црквата “Св. Спас”, во село Годивје.
Градоначалникот Ногачески во своето обраќање до присутните истакна дека Дебрца освен со сочувани природно наследство, биолошка разновидност и автентичност, изобилува и со богато културно наследство, создавано од разните слоеви на цивилизации и култури напластени на овие простори низ историјата.

Дебрца има многу атрактивни села, цркви, манастири и свети места, како и археолошки локалитети, кои се недоволно заштитени или промовирани онака како што заслужуваат.
Затоа, имаме обврска да се однесуваме одговорно кон нашата култура и традиција, да го чуваме и заштитиме нашето богато културно наследство.
Богатствата што се секаде околу нас не се само обврска и завет, туку и ресурс кој може помогне за одржлив културен развој на општината, како и инспирација за и ние да оставиме вакви вредности за идните генерации.
Од тие причини, ја поздравувам и без размислување прифатив општина Дебрца да биде покровител на културната манифестација “Ѓомлезијада – Годивје 2018”.
Посебно ми е мило што истата се одржува во село Годивје, место кое во изминатиов период стана парадигма, односно симбол на нашата борба за зачувување на еколошката чистота и епската димензија на Дебрца.
Нашата заложба е јасна, култура до сите, култура за сите , култура во секој дел на општина Дебрца и за сите граѓани подеднакво.- истакна градоначалникот Ногачески.