с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

Завршени проекти• Соопштиенија/Известувања• Соопштенија• Социјална заштита• последни новости• Евроинтеграции и Лер• Настани• Новости• АКТУЕЛНО• Млади• ПРОЕКТИ• Проекти• Прес-Конференции• ОГЛАСНА ТАБЛА• Образование• Обраќање/Честитки

Учениците од Дебрца за првпат во училишни униформи

Учениците од Дебрца за првпат во училишни униформи

ГО ИСПОЛНИВМЕ ВЕТЕНОТО: Учениците од Дебрца за првпат во училишни униформи!
За мене, нема поголемо задоволство од тоа да се инвестира во нашите деца. Едно од нашите најважни ветувања денес станува реалност – пристигнаа униформите за нашите ученици!
Секој еден ученик добива свој целосен комплет кој се состои од:
👕 2 маици со кратки ракави
👕 2 блузи со долги ракави
🧥 2 дуксери
Зошто е ова важно?
Бидејќи нашата цел беше и останува јасна: Учениците да се натпреваруваат во знаење, а не во облекување! 📖
Со оваа мерка не само што носиме вистинска еднаквост и транспарентност во училишните клупи, туку обезбедуваме и значителна помош и финансиско олеснување за родителите. Кога децата се еднакви, другарството е посилно!
Во прилог споделувам неколку фотографии. Погледнете ги овие искрени детски насмевки – тие се доказ дека сме на вистинскиот пат и наш најголем мотив за работа. ❤️
Образованието на прво место!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email