Почитувани граѓани,
Општина Дебрца ја стави во функција новата официјална веб-страница, со цел да овозможи полесен, побрз и посовремен пристап до информациите и услугите од општината.
На новата веб-страница граѓаните можат да ги следат најновите информации, известувања, одлуки, јавни повици, активности и проекти на Општина Дебрца, како и да се информираат за услугите и работата на општинската администрација.
Новата официјална веб-страница:
www.debrca.gov.mk
Воедно, сите податоци, документи и информации објавени на претходната веб-страница на Општина Дебрца можат да се пронајдат во дигиталната архива на:
👉 arhiva.debrca.gov.mk
Архивата е достапна за граѓаните со цел да се обезбеди континуиран пристап до претходно објавените информации и документи.
Со почит,
Општина Дебрца