ОД ЦРВЕНА ВОДА ОДЕКНА ГЛАСОТ НА СЛОБОДАТА: Честит 3 Октомври – Патрониот празник на Општина Дебрца!
Денеска, во слободарска Црвена Вода, со огромна гордост и длабок пиетет го чествуваме денот кога се испишуваше македонската историја. На 3 октомври 1943 година, токму од овде одекнаа пораките од Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ!
Тој голем историски чин трајно ја позиционираше нашата Дебрца како прва слободна територија и лулка на современата македонска државност – оставајќи ни вечен белег на непокор и национална гордост.

Славното минато е нашиот најголем патоказ за иднината. Аманетот од нашите предци е јасен: да продолжиме посветено, одговорно и заеднички да ја градиме и развиваме нашата општина во просперитетно место за сите нејзини жители.
Нека ни е честит и за многу години Патрониот празник!