Неделите се за одмор, но некои денови се резервирани за создавање историја и чување на зборот.
Задоволство беше денеска во Општина Дебрца да ги пречекам учесниците на 8. Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ 2026, во организација на Здружението „МАЦКОВО“ и нашиот угледен Веле Митаноски.
За време на средбата, гостите имаа можност да се запознаат со историското значење на Дебрца како прва слободна територија во 1943 година, како и со актуелните проектите за ревитализација на спомен-обележјата во нашиот регион.
Манифестацијата традиционално заврши во неговото родно село Црвена Вода, пред родната куќа на писателот, каде беа доделени сертификатите за учество. Учесниците ја разгледаа „Спомен-собата“, каде посебно внимание им привлече оригиналното самарче од култниот роман „Волшебното самарче“. На крајот, во вистински домашен амбиент, домаќините заедно со мој прилог им приредија топла селска трпеза со традиционална храна.
Децата и детството беа инспирација за Ванчо Николески, а Дебрца останува секогаш отворен дом за сите творци, млади таленти и чувари на традицијата!