Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 19-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 19–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 13.11.2026 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 17-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 18-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година
- Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2026 година
- Предлог – Годишна Програма за измена и дополнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за социјална и здравствена заштита на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за одбележување Годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за измена и дополнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на измени на Планот на равојни програми на општина Дебрца за 2025-2029 година
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за именување на членови во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
- Предлог – Одлука за усвојување на Планот на развојни програми на општина Дебрца за 2027-2029 година
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски