с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

СоопштенијаНовостиКомуналини ДејностиКомунална инфраструктура

Асфалтирање на улици во село Годивје

Асфалтирање на улици во село Годивје

Во селото Годивје успешно заокруживме едно навистина големо и благодетно дело, кое претставува важен чекор кон подобрување на животниот стандард на мештаните.
⛪ По цели децении чекање и слушање празни ветувања во минатото, конечно го асфалтиравме патот што води до селската црква „Св. Ѓорѓија“, овозможувајќи им на верниците и на сите посетители достоинствен и лесен пристап до овој значаен духовен храм.
🛣️ Нашите градежни активности не застанаа само на тоа, па во рамки на овој инфраструктурен зафат целосно го асфалтиравме и сретселото, како и потегот, односно улицата која се протега од самиот центар на селото па сè до месноста Горна Река.
🤝 Вложувањето во патната мрежа во нашите рурални средини е единствениот вистински начин да им ги обезбедиме на граѓаните основните услови кои ги заслужуваат и да го олесниме нивното секојдневно функционирање.
🏗️ Како локална самоуправа остануваме максимално посветени на рамномерниот развој на секое населено место, бидејќи Дебрца мора да оди напред преку реализација на реални проекти кои трајно го решаваат проблемот на жителите.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
НовостиКомуналини ДејностиКомунална инфраструктура
ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца!
СоопштенијаНастаниНовости
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ!