с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

Животна СрединаНовости

Дебрца беше вистински центар на планинскиот велосипедизам!

Дебрца беше вистински центар на планинскиот велосипедизам!

Денес нашата Дебрца беше вистински центар на планинскиот велосипедизам!
🚴‍♂️ Со огромно задоволство присуствував на „Бабин Срт МТБ авантура“, настан кој ја промовираше нашата прекрасна природа како врвна дестинација за авантуристички и еко-туризам.
📈 Наместо очекуваните 100, пречекавме дури 178 велосипедисти од целата држава кои уживаа во возењето по патеката Лактиње – Годивје – Врбјани – Бабин Срт.
🤝 Како градоначалник и локална самоуправа, со гордост застанавме зад овој настан со целосна финансиска и техничка поддршка за негова беспрекорна и безбедна организација.
🌱 Бидејќи настанот немаше натпреварувачки карактер, главната цел ни беше заедничко дружење и испраќање силна порака за зачувување на природните богатства и одговорен однос кон животната средина.
👏 Огромна благодарност до организаторите од Здружението за планински велосипедизам „Рупикапра МТБ“ Струга и до сите учесници кои ја направија оваа недела незаборавна.
📍 Продолжуваме да ја градиме и промовираме Дебрца како зелена општина!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
НовостиКомуналини ДејностиКомунална инфраструктура
ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца!
СоопштенијаНастаниНовости
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ!