с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

Соопштенија• Настани• Новости• Комуналини Дејности

Mинистерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев во работна посета на Општина Дебрца

Mинистерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев во работна посета на Општина Дебрца

Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.
🗣️ На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион.
🏛️ Посебен акцент ставивме на проектот за изградба на културно-изложбен центар во с. Требеништа, кој значително ќе придонесе за промоција на локалното наследство и развојот на туризмот.
🌿 Заедно со гостите го посетивме и Изложбениот центар за Белчишко Блато во Белчишта, простор кој на уникатен начин ги претставува богатствата на флората, фауната и нашето природното наследство.
🎨 Работната посета ја продолживме со посета на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“ во Белчишта, која минатата година одбележа 40-годишен јубилеј и е една од најстарите и најзначајните ликовни колонии во Македонија.
🖼️ Горди сме на оваа културна манифестација која со децении го збогатува уметничкото наследство на Дебрца, а соработката и поддршката од овие институции ни е од огромно значење.
✨ Инвестициите во културата и туризмот се вистински инвестиции во иднината!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштиенија/Известувања• Соопштенија• Социјална заштита• последни новости• ЈКП “Дебрца”• Новости• АКТУЕЛНО• Комуналини Дејности• ОГЛАСНА ТАБЛА• Објава/Повик/Конкурс
Известување до населени места Белчишта, Ботун, Лешани, Ново Село, Долно и Горно Средорече, Грко Поле
Соопштиенија/Известувања• Соопштенија• последни новости• Настани• Новости• АКТУЕЛНО• ПРОЕКТИ• Проекти• Прес-Конференции• ОГЛАСНА ТАБЛА• Објава/Повик/Конкурс
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА ДЕБРЦА: СЕКОЈ ДЕНАР НА ГРАЃАНИТЕ Е СИГУРЕН И СЕ ТРОШИ ЈАВНО!
Соопштиенија/Известувања• Соопштенија• Седници на совет• последни новости• Новости• АКТУЕЛНО• ОГЛАСНА ТАБЛА• Образование
16-та седница на Советот на општината Дебрца
Соопштиенија/Известувања• Соопштенија• последни новости• ЈКП “Дебрца”• Новости• АКТУЕЛНО• Комуналини Дејности• ОГЛАСНА ТАБЛА• Објава/Повик/Конкурс
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 28.08.2026 година
Соопштиенија/Известувања• Соопштенија• последни новости• Настани• Новости• АКТУЕЛНО• Култура• ОГЛАСНА ТАБЛА
На покана на црковниот одбор Градоначалникот Сиљаноски присуствуваше на одбележувањето на празникот Св. Преображение во с. Сливово!