Општина Дебрца, согласно насоките добиени од Министерството за финансии, а врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, го започна процесот на подготовка на Предлог-буџетот на Општина Дебрца за 2027 година.
Со цел да се обезбеди транспарентно, одговорно и инклузивно планирање на општинските финансии, Општина Дебрца ги повикува сите жители активно да се вклучат во процесот на креирање на буџетот преку пополнување на прашалникот за утврдување на приоритетите и потребите на локалното население.
Преку овој прашалник, граѓаните ќе имаат можност да ги искажат своите предлози, мислења и приоритети, кои ќе послужат како насоки при планирањето и распределбата на буџетските средства за 2027 година.
Прашалникот содржи неколку кратки прашања, а за негово пополнување ќе Ви бидат потребни не повеќе од 10 минути.
Пополнетиот прашалник можете да го доставите на еден од следниве начини:
По електронска пошта на: contact@debrca.gov.mk
По пошта на адреса: Општина Дебрца, с. Белчишта, Општина Дебрца.
Вашето мислење е важно! Со Вашето учество придонесувате кон креирање буџет кој ќе одговори на реалните потреби на граѓаните и ќе придонесе за подобрување на условите за живот во Општина Дебрца.
Општина Дебрца Ви благодари за издвоеното време, соработката и активното учество во креирањето на локалните политики и приоритети.
Заедно да ги утврдиме приоритетите за развој на Општина Дебрца!