Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Ја свикувам 16–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 31.08.2026 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 15-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2027 година
- Предлог – Одлука за издавање согласност за формирање чисти паралелки од I до IX одделение под 20 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2026/2027 година
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање комбинирани паралелки од I до V одделение под 10 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2026/2027 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за работа на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за успехот, поведението и редовноста на учениците на основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог –Одлука за усвојување на извештај за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2025 до 15.08.2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2026/2027 година
- Предлог – Одлука за определување на широчината на крајбрежниот појас на водотекот Река Сатеска во населено место с.Ново Село
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски