с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца • +389(0)46286855
Република Северна Македонија

Општина Дебрца

Животна СрединаЗавршени проектиСоопштиенија/ИзвестувањаСоопштенијапоследни новостиЕвроинтеграции и ЛерЈКП “Дебрца”НовостиАКТУЕЛНОКомуналини ДејностиКомунална инфраструктураПРОЕКТИОГЛАСНА ТАБЛАОбјава/Повик/Конкурс

Набавени 250 канти за комунален отпад со волумен 240л

Набавени 250 канти за комунален отпад со волумен 240л

Денес до општина Дебрца се доставени  250 канти со зафатнина од 240 литри, наменети за собирање на комунален отпад во населените места на територијата на општината.

Кантите се обезбедени во рамки на проектот „Заштита на животната средина преку набавка на канти за комунален отпад“, со средства обезбедени од Бирото за регионален развој.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 545.750,00 денари со вклучен ДДВ.

Со реализацијата на оваа инвестиција Општина Дебрца продолжува со преземање конкретни мерки за унапредување на системот за управување со комуналниот отпад, подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.

Општина Дебрца останува посветена на создавање почиста и поздрава животна средина и подобрување на условите за живот на сите жители.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email