Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 17-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 17–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2026 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 16-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2026/2027 година
- Предлог – Мислење по Програмата за настава во природа за учениците од V одделение на деветгодишно основно образование за учениците од ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2026/2027 година
- Предлог – Мислење по Програмата за дводневна научна ескурзија – VI одделение ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2026/2027 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на тридневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2026/2027 година
- Предлог – Одлука за поништување на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување накандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
- Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членви во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски