Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 18-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 18-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 13.10.2026 година (вторник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за прифаќање донација на противпожарно возило
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлука на Училишен одбор на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за расходовање на електронски отпад
- Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловни простории во зградата изградена на КП б 131/2 КО Волино запишана во имотен лист бр. 1408 КО Волино, Општина Дебрца за вршење угостителска дејност
- Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловни простории во зградата изградена на КП 131/2 КО Волино запишана во имотен лист бр. 1408 КО Волино , Општина Дебрца за вршење трговија на мало
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски