Градоначалник Златко Сиљаноски
Професионален профил: Златко Сиљаноски е роден на 24 август 1981 година во село Лешани. Дипломиран економист, основач на компанијата „Дебрца Експрес“ во 2005 година. По неколку години поминати во Австралија, љубовта кон Дебрца и Македонија го враќа дома, каде активно учествува во локалната заедница и развојот на Општина Дебрца.
Образование :
Дипломиран економист
Професионална кариера :
Основач и управител на компанијата „Дебрца Експрес“ (од 2005 година)
Претседател на Здружението на превозници „Сонце и Галеби – Охрид и Дебрца“ (15 години)
Учесник во бројни хуманитарни акции и поддржувач на спортот и културата во Општина Дебрца
Ктитор на изградбата на црквата „Св. Петка“ во село Лешани
Личен живот :
Оженет и татко на две деца
Активно вклучен во локалната заедница и црковни иницијативи
Клучни компетенции и интереси :
Лидерство и организација на тимови
Управување со компании и здруженија
Поддршка на хуманитарни, спортски и културни активности
Стратешко планирање и развој на локални проекти
