ЖИВОТНА СРЕДИНА
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.” Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен […]
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината. Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село […]
Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид со учениците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Дебрца“ и со поддршка од Општина Дебрца, организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато. Учениците имаа можност да се запознаат со дел од богатото био-разнообразие на блатото, да идентификуваат растенија и животни, а во вториот […]
ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во текот на вчерашниот ден превзеде две противпожарни возила заедно со братското волонтерско здружение ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca . Ентузијаст прераснува во сериозна волонтерска организација во југозападниот регион на Македонија На свечената церемонија организирана во Тирол, Ентузијаст прими вредна донација од две противпожарни возила и со […]
Во Општина Дебрца се одржа работилница во рамки на проектот EcoFire Youth Ambassadors, реализирана во партнерство со Доброволните противпожарни организации од Охрид и Дебрца и со активно учество на локални чинители. Проектот е финансиран преку Landscape Fire Management in the Western Balkans Programme (LFMWB), имплементиран од Farmahem, а негов носител е Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ […]
JПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, изврши чистење и уредување на спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа, по иницијатива и барање на жителите. Со оваа активност се овозможуваат подобри услови за користење на салата и се придонесува за поквалитетен спортски и општествен живот во заедницата. Голема благодарност до мештаните за нивната проактивност! Продолжуваме […]
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото. Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста […]
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.” Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати. Започнавме од село Оровник и одиме по ред. Вкупната вредност на проектните […]
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение: Се […]
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“ Започнаа активности за прочистување на јавни површини и крајпатна вегетација на територија на општината, за овие активности е ангажирана механизација на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца” како и човечки капацитети. Оваа активност е дел од редовното одржување на јавните површини и има за цел да обезбеди чист и […]
21 Мај се одбележува денот на Natura 2000, во чест на воспоставувањето на првите НАТУРА 2000 подрачја во 1992 година, кога ЕУ ја донесе Директивата за живеалишта (Habitats Directive). Македонија, има започнат процес на хармонизација со европското законодавство и во тие рамки се идентификувани значајни подрачја кои ќе бидат дел од идната НАТУРА 2000. За […]
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“, започна акција за пролетно уредување и одржување на патната инфраструктура во сите населени места на територијата на општината. Акцијата ја изведува ЈПКД „Дебрца“ со механизирано косење со трактор покрај патиштата. Досега се завршени активностите во следниве населени места: Оровник Горенци Требништа Волино Мешеишта Акцијата продолжува по следниот редослед: […]
На јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа општина Дебрца преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи. Со одлука на Владата […]
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија. На […]
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН. Aкција се одржа на повеќе локации, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца”, пристапија на чистење на повеќе локации во општината. Собраниот одпад е соодветно складиран […]
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на одпад Во организација на “ МЕН ЕНД МАУНТЕН”, на 09.05.2025 година каде е предвидено акцијата да започне на пет локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Белчишта, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Лешани, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Оровник, Училишниот двор […]
Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци. Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.
Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Дебрца“, во соработка со Општина Дебца, изврши косење во село Волино Со помош на Општина Дебрца и безрезервна подршка во целиот период , ЈПКД Дебрца постигна договор со изведувачот на автопатот Охрид – Кичево, „Синохидро“, за изведба на водовод на 4 траси (локации): Клучка Подмоље Горенци – Требеништа Влез […]
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина. Градоначалникот Зоран Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени […]
Во недела,турата ќе ја возиме во малку скратена верзија Село Лактиње-Врв Славеј,кај споменикот и назад по исиот пат. Вкупна должина е 36км со 1000м елевација.Патот е сув и е супер за возење,само на самиот врв вчера имаше 3см снег и се топеше. Нема потреба да ризикуваме кружно да ја возиме турата затоа што од другата […]
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2025 година, број 01-382/1, од 14.03.2025 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година ( „Службен гласник на […]
Имавме чест да ги пречекаме заменик амбасадорот Јан Аксел Фос и претставници на Амбасадата на СР Германија кои ја посетија општина Дебрца во рамки на завршната контрола и примопредавањето на проектот „Патеки на откривање“, финансиран од амбасадата преку програмата Мали проекти. Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра […]
Деновиве во едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители на Белчишкото Блато во село Белчишта, посетители ни беа гостите од од Турција во рамките на Еразмус програмата каде им беа презентирани дел од етнолошкото и природното богатство на општина Дебрца.Посетата беше организирана од страна на здружението ,,Екотуризам “ од Охрид во соработка со […]
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. Работите се во тек, а завршувањето на проектот се […]
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници. Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина […]
По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари. ОРОВНИК Реконструкција и […]
Со чистење на патните правци за село Турје и село Мраморец и патната врска село Врбјани-село Годивје-село Лактиње сите патни правци во општина Дебрца се проодни. Паралелно се работи на чистење на улици во селата, каде што тоа не е дозавршено. Апелираме на внимателно возење бидејќи поради ниските температури по коловозите има мраз и […]
Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира […]
На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година. На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во […]
Продолжуваат Активностите на Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца,за уредување на селата во општината, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини. […]
Во текот на Вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени. Учесниците беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија. Учеснците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот […]
Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење. Ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца. Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село […]
Денес од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца се предадени 75 канти за собирање на одпад со капацитет од 120 л. Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат […]
Во село Мешеишта привршуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години. Во текот на 2024 година се изградени 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,а за што се инвестираа 6.802.682 денари или околу 110.000 евра, од кои 2.500.000 […]
Деновиве во село Арбиново се работи на проширување на уличната водоводна мрежа,односно изградба на доводен крак / ископ на каналски ров и монтажа на полиетиленско црево за водоснабдување ф 63 /, во должина од 900 метри, со што со вода за пиење од водоводниот систем ќе се обезбедат и домаќинствата во долниот дел на селото, […]
Во село Мешеишта продолжуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години. Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година , во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти. Претходно, […]
Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка. Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција,со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и […]
Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното. По тој повод, Ве покануваме на свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато. Отворањето ќе се одржи на 17.10.2024 г. (четврток) во […]
Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија. Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” активно работи на опремување на Изложбениот центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој со седиште во село Белчишта . Наскоро се очекува вратите на центарот да бидат отворени за сите посетители кои ќе го почуствуваат спојот на природата и минатото на територија […]
Проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија е во завршна фаза на своите активности. Со проектот општина Дебрца доби обележани велосипедски патеки кои претставуваат вистинска адреналинска можност за љубителите на планинскиот велосипедизам. Општината ги подобрува условите, […]
Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија. Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува да бидат ставени во функција. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година. […]
Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во […]
Во село Сливово по санацијата на каптажата извршена е изведба на доводен крак за водоснабдување, во должина од 400 метри за потребите на жителите на село Сливово. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.
Во село Злести завршена е регулацијата на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, со што се обезбедува поекономично наводнување, а истовремено и проширување на улицата. Вкупната вредност на работите изнесуваше 1.056.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија. Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и […]
Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза. Во оваа фаза ќе се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености и други настани. Ќе се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,административните простории,како и фасадата од северната и западната страна и други […]
Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години. Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти. Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени […]
Во село Сошани започнаа активности за тампонирање на патот од центарот на селото до црквата “Св Никола Талалеј”, во должина од околу 1 км. Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.