Select Page
ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца!

ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца!

ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца!
Најголемиот македонски празник, симболот на нашиот непокор и традиција, го пречекуваме онака како што најдобро умееме – работно и на терен!
За поголема безбедност во сообраќајот и уреден лик на нашата општина, овие денови интензивно вршиме расчистување на крајпатната вегетација и проширување на банкините низ нашите населени места.
Активностите се одвиваат во:
📍 Оровник
📍 Мешеишта
📍 Лактиње
📍 Годивје
📍 Врбјани
📍 Сливово
📍 Мраморец
📍 Турје
Во пресрет на чествувањата, целосно е прочистен и уреден патот кон Илинска Планина преку село Брежани (до храмот Св. Илија). Со ова обезбедуваме непречен и безбеден пристап за сите верници, посетители и љубители на природата кои ќе го одбележат празникот на ова свето место.
Секој изминат ден, секој реализиран проект е доказ за нашата грижа. Секој ден е посветен на нашата Дебрца и на секој еден нејзин жител!
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ!

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ!

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ! 🇲🇰
Денеска, со огромна чест и гордост, како градоначалник ја пречекав Илинденската коњаница во нашето историско село Сливово. 🐎
Оттука, заедно со коњаниците продолживме кон селото Лактиње. Во знак на длабока почит кон нашите предци и херои, кои низ историјата се бореа за слободна Македонија, положивме свежо цвеќе на спомен-обележјата. Славната Дебрца секогаш памети и почитува! 🌺🇲🇰
Утрото го одбележавме во вистински македонски дух – со заеднички појадок во Лактиње, каде преку топол разговор и нашето познато гостопримство ги испративме храбритите момци да го продолжат својот марш кон селата Збажди и Локов. ⛰️
Патувајте со здравје јунаци, нека ве прати добра мисла! А ние, се гледаме веќе утре во селата Волино и Требеништа, каде повторно заеднички ќе ја славиме традицијата и ќе му оддадеме чест на празникот.
Да ни е вечна Дебрца!
Да ни е вечна Македонија! 🇲🇰
Донација на училишни ранци од нашиот почесен конзул во Перт, Австралија,г-дин Зоран Ќосески

Донација на училишни ранци од нашиот почесен конзул во Перт, Австралија,г-дин Зоран Ќосески

Денеска, во присуство на нашиот почесен конзул во Перт, Австралија, г-дин Зоран Ќосески, примивме донација која навистина топли срца. 🎒 Сите наши 17 првачиња добија прекрасни, целосно опремени училишни ранчиња со сиот потребен прибор за успешен старт на нивната најубава животна авантура!
Ова е дело на г-дин Драган Капинков, наш иселеник по потекло од битолско Цапари кој живее во Перт. Неговата хуманост кон Дебрца не е од вчера – таа трае со години, докажувајќи дека растојанието не значи ништо кога желбата да се помогне е искрена. Од мое лично име и од името на цела Дебрца, упатувам огромна благодарност до него и неговото семејство. Вие сте вистински пример за добрина и човечност! 🙏
Но, тука не застануваме! Општина Дебрца стои цврсто зад своите граѓани. Покажуваме на дело дека инвестицијата во нашите деца е најважниот приоритет. Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека од буџетот на општината оваа година реализираме пакет мерки кои директно го олеснуваат буџетот на секое семејство:
✅ 10.000 денари еднократна финансиска поддршка за секое запишано прваче!
✅ Целосно обезбеден и бесплатен превоз за нашите ученици!
✅ ЗА ПРВПАТ ВО НАШАТА ОПШТИНА: Бесплатни училишни униформи за сите 178 ученици од прво до деветто одделение! Секое дете добива целосен, квалитетен комплет кој вклучува: 4 маици, 2 блузони со долги ракави и 2 дуксери!
Парите на граѓаните ги враќаме назад кај граѓаните – таму каде што се најпотребни!
Продолжуваме да создаваме модерно, еднакво и квалитетно образование за секое дете.