Mar 30, 2022
Денес градоначалникот Зоран Ногачески, проектниот кординатор за ЕУ од општина Дебрца – Ангел Секулоски и Антонио Додевски од Планинската Спасителна Служба, остварија средба со Г-дин Елвис Али, програмски менаџер на Делегацијата на ЕУ и г-дин Марин Белули од Заедничкиот генерален секретаријат за ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Заедно со нашиот партнер, Црвениот крст Охрид, програмскиот менаџер на лице место во с. Брежани, го запознавме со реализираните активности од Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.
Со овој проект, во општина Дебрца се изврши реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом а следно е реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква. Претходно се изврши нбавка на опрема и специјално теренско возило Duster за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.
И во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија, која ја поддржа имплементацијата на овој проект. – изјави градоначалникот Ногачески по средбата.
Mar 23, 2022
Деновиве Јавното претпријатие “Дебрца” интензивно врши изведба на индивидуални приклучоци на новоизградената канализациона мрежа на заинтересирани граѓани/домаќинства во село Волино.
Сите заинтересирани за приклучок можат да се јават во Јавното претпријатие.
Изведбата се врши со сопствен или материјал набавен од Јавното претпријатие.
Приклучната такса изнесува 1700 денари.
Апелираме сите домаќинства да се приклучат на канализационата мрежа, бидејќи на тој начин даваме придонес за заштита на животната средина.
За целосно ставање во функција на канализационата мрежа преостанува изградбата на третата пумпна станица за објектите во местноста “Св.Петка”, кое се очекува да биде завршено во наредните месеци.
Mar 21, 2022
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.03.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.
На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.
Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.
Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”
Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.
Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.
• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ
Во прилог целосната агенда на настанот:

Mar 15, 2022
Советот на општина Дебрца денес ја одржа 6-та редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница Советот го усвои Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година и Завршната сметка на Буџетот на општина Дебрца за 2021 година.
👉Советот го усвои извештајот за материјално техничко и финансиско работење на ООУ Дебрца за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021.
👉Советот донесе одлука за предлагање за прогласување на заштитено подрачје Белчишко Блато Сини Вирој, во категорија Парк на природа, врз основа на Студијата за валоризација на Белчишкото Блато, со што и официјално се иницира постапката за добивање на заштитен статус, согласно националното законодавство. Одлуката и Студијата ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање.
👉 Советот ја донесе Годишната програма за општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2022 година.
👉Советот донесе одлука за давање на времено користење на задружниот дом во село Лактиње за потребите на месната заедница.
👉Советот донесе одлука за доделување еднократна субвенција од 45.000 денари на Јавното претпријатие за комунална дејност Дебрца, наменски, за технички преглед и регистрација на товарно моторно возило, марка Сканија.
👉Советот донесе одлука за избор на Управен одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност Дебрца .