Jan 27, 2020
Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта.
„Средствата се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а ќе се користат за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици, односно за подобрување на општинската патна инфраструктура. Ние веќе имаме аплицирано со три проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески..
Општината со ресорното министерството потпишаa Меморандум за соработка за проектот кој ќе трае 3 години. Ние се обврзуваме наменски да ги искористиме средствата за да се подобри локалната патна инфраструктура, вели Ногачески. Во наредниот период ние како општина ќе аплицираме со уште неколку проекти. Приоритетна одлука за уште два- три патни правци треба да дадат советниците.
„ Проектите ќе бидат приоритизирани според потребите кои ги имаме од реконструкција на постоечки патни правци или улици. Приритеот ќе го утврди советот на општината“.
Во општината со владиниот проект треба да се реконструираат околу 10 км локални патишта, со изградба на одводни канали, банкини и други пропратни делови на патната инфраструктура.
Jan 25, 2020
EN: Municipality of Debrca announces the following Invitation for Tender for Logistics of events-Events’ Organization for the CONSE-PP project.
MK: Општина Дебрца објавува Повик за поднесување на понуди за Организирање и поддршка на настани за проектот CONSE-PP.
Jan 14, 2020
Во чест на св. Василиј Велики или меѓу народот познат како Василица , традиционално како и секоја година во општина Дебрца се дели баничка со паричка од страна на кумот кој претходната година го пратеше најмногу среќа и берикет. Кумот Ристо Наумоски која беше најсреќн изминатата година истакна дека паричката му донесе многу среќа, здравје и бериќет.
Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Лилјана Аврамоска од Одделението за правни прашања и општи работи е најсреќна во новата година од општинската администрација. Таа од колективот доби неколку подароци меѓу кој и икона со ликот на “Св. Богородица”.
Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го прати среќа во текот на целата година.
Градоначалникот Ногачески на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2020 година.
Jan 6, 2020
Почитувани сограѓани,
Божик е празник чија симболика и универзални пораки -љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :
Мир Божји – Христос се роди !