Select Page
Воведен систем за е-наплата на комунални услуги на ЈП за комунална дејност Дебрца

Воведен систем за е-наплата на комунални услуги на ЈП за комунална дејност Дебрца

ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува корисниците дека е пуштен во употреба нов систем за електронска наплата на комунални услуги преку веб-страницата на претпријатието.

Преку системот за е-наплата, корисниците можат брзо и едноставно да ги платат своите фактури online со внесување на бројот на фактурата и e-mail адреса.

Доколку корисникот не го знае бројот на фактурата, информации може да добие на телефонскиот број 046/286-887 или писмено на e-mail адресата komunalecdebrca@hotmail.com.

На веб-страницата https://jkpdebrca.mk/  се достапни детални упатства за:

користење на системот за е-наплата;

преглед и плаќање на неплатени фактури;

внесување на состојба на водомер;

пријава за електронски прием на фактури.

 

Со воведувањето на оваа услуга, ЈП за комунална дејност Дебрца продолжува со дигитализација на услугите и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи побрз, поедноставен и подостапен начин за комуникација и плаќање на обврските.

 

Остварена средба со нашиот драг пријател и почесен гостин, г-дин Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија во Перт, Австралија

Остварена средба со нашиот драг пријател и почесен гостин, г-дин Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија во Перт, Австралија

Денес во просториите на Општина Дебрца имав чест и огромно задоволство да го пречекам нашиот драг пријател и почесен гостин, г-дин Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија во Перт, Австралија.
Оваа средба беше одлична можност да поразговараме за улогата на нашата дијаспора и нејзиниот непроценлив придонес кон татковината. Општина Дебрца има особена почит кон г-дин Ќосески, кој на дело ја покажува својата поддршка за нашиот крај, вклучително и преку хуманитарните иницијативи и значајните донации за нашите ученици од ООУ „Дебрца“ и за самата општина.
Во мое лично име и во име на сите граѓани, изразив најискрена благодарност за неговата несебична посветеност, континуираниот ангажман и заложбите за зачувување на македонскиот идентитет и продлабочување на врските со нашите иселеници.
Остануваме посветени на негувањето на овие цврсти мостови на соработка и реализација на идни заеднички проекти. Вратите на Општина Дебрца секогаш ќе бидат ширум отворени за нашите искрени пријатели.
Средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава, Н. Е. Мартин Памер

Средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава, Н. Е. Мартин Памер

Денеска имав чест да остварам средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава, Н. Е. Мартин Памер.
На состанокот разговаравме за зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебрца и австриската покраина Тирол. Оваа пријателска покраина веќе има дадено значаен придонес за нашата заедница преку донацијата на возило и опрема за потребите на ДПД Ентузијаст во Дебрца, поддршка за која сме особено благодарни.
Дополнително, разменивме конструктивни идеи за воспоставување на поблиска соработка во повеќе општествени сфери. Нашата цел е преку размена на добри практики и заеднички иницијативи да придонесеме за развојот на нашата општина.
Продолжуваме да градиме силни меѓународни партнерства во интерес на граѓаните!
Успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани

Успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани

Почитувани сограѓани, уште едно ветување станува реалност!
📍 Денес успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани.
🛣️ Поставени се вкупно 500м2 асфалт.
💼 Овој проект е реализиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на општина Дебрца.
🚶‍♂️ Со ова уредување значително го олеснуваме секојдневието и обезбедуваме подобри услови за сите жители.
🚜 Нашата визија е јасна – рамномерен развој и вложување во секое населено место.
💪 Не застануваме тука, механизацијата оди понатаму.
🤝 Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и домаќински за нашата Дебрца!
Набавен нов трактор и дополнителна механизација за поефикасно одржување на јавни површини

Набавен нов трактор и дополнителна механизација за поефикасно одржување на јавни површини

Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа.
На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Валон Каба, кои ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка за унапредување на комуналните услуги во општината.
Во рамки на проектот се набавени:
Трактор,
Нож за чистење снег,
Тракторска хидраулична рака со мулчер,
Пила за кастрење гранки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.693.410 денари, при што од страна на  Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа се одбезбедени 1.594.000 денари и Општина Дебрца обезбеди сопствено кофинансирање во износ од 1.099.410 денари.
Со новата механизација значително ќе се подобри работата на Општина Дебрца, особено во одржувањето на локалните патишта, чистењето на снег во зимски услови, уредувањето на јавните зелени површини и кастрењето на гранките.
Општина Дебрца и Центарот за развој на Југозападниот плански регион остануваат посветени на реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот и поефикасни јавни услуги за сите граѓани.