Select Page
ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2023

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2023

Почитувани граѓани, 

 
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2023 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. 
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (05/12/2023, Понеделник) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала во Општина Дебрца, каде поканети ќе бидат претседателите на Месните заедници да ги дадат своите идеи, односно поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2023 година.

ВКЛУЧИ СЕ – БУЏЕТ ДЕБРЦА 2025

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса
Активно се одвива реставрацијата на река Сатеска за пренасочување во нејзиното природно речно корито

Активно се одвива реставрацијата на река Сатеска за пренасочување во нејзиното природно речно корито

Еден од позначајните проекти кој е во тек на имплементација на територијата на општина Дебрца и воопшто во Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО е “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.”
➡️Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот протек од 15 m3 /s во нејзиното природно корито, што се влева во река Црн Дрим и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито, со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.
➡️Во оваа фаза се реализираат следните проектни активности:
👉враќање на меандрираното корито во граници на реката, продлабочување на коритото (вадење на наносот), чистење од отпад, чистење од дрвја и грмушки, оформување на оштетените насипи на потегот од разделната градба кај село Волино до границата помеѓу општина Дебрца и општина Струга, во должина од 3.382 м;
👉низводно од разделната градба кај село Волино- во насока на природното корито на река Сатеска, предвиден е простор за таложење на нанос, со активен волумен на таложење од 11 640 m3 , наменет за зафаќање на количините на нанос што би се транспортирале со реката Сатеска;
👉разделната градба / браната / , како армирано бетонска конструкција се задржува со 4 отвори. Во отворите се сместени ниши со челични профили во кои се поставени дрвени греди. Дрвените греди ќе бидат заменети со регулациони табласти затварачи,кои ќе бидат со автоматско отварање, затварање и регулирање на протокот;
👉изведба на стабилизациони и каскадни прагови.
💁‍♂️Проектот се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ) и Министерството за животна средина и просторно планирање, урбанистичко планската документација ја донесе општина Дебрца, средствата се обезбедени од Фондот за адаптација во рамките на регионалниот проект за и прекугранично управување со ризици од поплави во сливот на река Дрим, изведувач на работите е “Маркоски К 73 “ ДООЕЛ Струга, а според договорот работите треба да завршат до месец Март 2023 година.
За потсетување, решавањето на проблемот со река Сатеска е нотиран во 19-те препораки на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.
Од тие причини, преземањето на конкретни активности, макар за почеток и парцијални за решавање на проблемот со река Сатеска е чекор напред во исполнувањето на препораките за зачувување на заштитениот статус на Охридскиот регион.

Објава  Брoj  02 / 2022  За електронско јавно наддавање  За давање под закуп на деловен простор  (ВТОР ПАТ)

Објава  Брoj  02 / 2022 За електронско јавно наддавање За давање под закуп на деловен простор (ВТОР ПАТ)

Врз основа на член 24 став 3 и 4, член 37 и 39 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” број 101/19, 275/19 и 122/2021), Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на општина Дебрца, објавува:

О Б Ј А В А  Брoj  02 / 2022

За електронско јавно наддавање

За давање под закуп на деловен простор

(ВТОР ПАТ)

  1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари – деловен простор, сопственост на  Општина Дебрца, кои се издаваат под закуп согласно Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зграда – Дом во село Требеништа, за вршење на трговија на мало, број 08-1017/12 од 30.05.2022 година, донесена од советот на општина Дебрца.

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ КАКО ДЕЛ ОД НЕДВИЖНАТА СТВАР КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

Предмет на закуп се просториите:

Реден бр. Адреса Опис и намена на деловниот простор Површина Вкупна почетна цена на закупнината (0,5% од проценетата вредност) Банкарска гаранција 2% од   проценетата вредност Почеток

Час

1. Село Требеништа ДП на приземје, (дел од задружен дом), КП- 1497/3, КО Требеништа, ИЛ 630

 

Деловниот простор  се издава под закуп со намена за вршење на трговија на мало

( продажба на колонијални и прехрамбени произвоиди ), за времетраење од  10 години.

 

 

199,22      м2

24.269,72 денари 97.078,86 денари 12:00

часот

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

 

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на РСМ согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за јавно наддавање и тоа :

4.1. Доказ за идентитет :

-лична карта за физички лица;

-тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија  (за домашни правни лица);

-извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа  (за странски правни лица).

4.2. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

4.3. Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.

4.4. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал во писмена форма да се достави и до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Дебрца на денот кога се доставува комплетната документација.

За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната http://www.e-stvari.mк.

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и електронски јавни наддавања спроведени преку системот http://www.e-stvari.mk, за него важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки.

Доказите кои е потребно да се достават врз основа на објавата, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија во PDF формат.

На подносителите на пријавите кои се комплетни им се доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им се доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Објавата трае 15 ( петнаесет ) дена почнувајќи од 21.11.2022 год. и ќе трае заклучно со 05.12.2022 година.

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница  http://www.e-stvari.mk

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 09.12.2022 година (петок) и ќе започне во 12:00 часот.

  1. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на Јавното наддавање во електронски облик можат да се доставуваат најдоцна три дена пред почетокот на јавното наддавање, односно заклучно со 05.12.2022 година.

 

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА

 

Вкупната почетна цена на закупнината на електронското јавно наддавање за недвижноста која е предмет на закуп е утврдена во табеларниот преглед на оваа објава. Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

7.БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА

7.1. Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно наддавање за надвижноста предмет на закуп изнесува 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и износот е утврден во табеларниот преглед даден во оваа објава.

7.2.Банкарската гаранција треба да има рок на важност најмалку 60 дена од денот на одржувањето на електронското јавно наддавање. Секоја пријава што не содржи гаранција за сериозност на понудата или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите во објавата, ќе биде отфрлена и нема да учествува на електронското јавно наддавање.

7.3.Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање.

 

 

8.ПОСТАПКА

 

8.1.Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

8.2.Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

8.3.Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.

8.4.Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2 % од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

8.5.Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на движната/ недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да биде најмногу до 30%, доколку на јавното наддавање се пријавил само еден заинтересиран учесник, а доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници, намалувањето на вредноста на движната/недвижната ствар може да биде до најмногу 50% од проценетата вредност.

8.6.За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена  која претставува највисока цена за месечната закупнина

8.7.Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

8.8.Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена за  закуп на деловниот простор и во рок од 5 работни дена по извршената уплата, се склучува Договор за закуп на деловниот простор, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.

8.9 На договорот за закуп на деловниот простор  соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.

8.10.Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

8.11.Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

8.12.Трошоците за солемнизацијана договорот за закуп на деловниот простор паѓаат на товар на закупувачот на деловниот простор.

Оваа објава ќе биде објавена и на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk

 

 

 

Општина Дебрца

Комисија за располагање со недвижни и движни ствари

 

 

Игор Мартиноски, диа                       – претседател

Цвета Филипоска-Симеонова          – член

Љупчо Балески, дги                          – член

 

ПРИЛОГ 1

Оригинал                                                                                                                                      ________________________________

место за арх.заверка од понудувачот (за правното лице)

ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА  (понуда)

Врз основа на Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца  за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање кое ќе се оддржи на интернет страницата http://www.e-stvari.mk/ , ја поднесуваме следнава:

ПРИЈАВА (понуда)

III.1. ОПШТ ДЕЛ

III.1.1.Име на понудувачот: ______________________________________________________________________

                                                     (назив на правното лице според тековна состојба или име, татково име и презиме на физичкото лице)

III.1.2. Контакт информации

Седиште/адреса: ________________________________________________________________________________

Телефон: __________________________________моб.тел._____________________________________________

Факс: _________________________________________________________________________________________

Е-пошта за корисничко име и шифра за учество на јавно наддавање: ________________________________

Лице за контакт: ________________________________________________________________________________

III.1.3. Одговорно лице (управител):________________________________________________________________

III.1.4. Даночен број: ____________________________________ЕМБС __________________________________

III.1.5. ЕМБГ: __________________________________________________________________________________

III.1.6. Жиро сметка за правно лице  /трансакциска с-ка за физичко лице_________________________________

III.1.7. Банка : _________________________________________________________________________________

III.1.8. Изјава за прифаќање на  условите и барањата од Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца  за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање,  прилог 2.

III.1.9 Изјава за давање согласност за користење и обработка на лични податоци, прилог 3.

III.1.10 Обрaзец на пријава (понуда) – прилог 1. Пријавата ја поднесуваме за следниот објект под реден број-  (задолжително да се означи / штиклира на јасен и недвосмислен начин објектот/те за кој заинтересираната страна ја поднесува оваа пријава):

                             Ред.

број на делови предмет на закуп

Предмет на закуп

 

 

Да се наведат податоци за банкарската гаранција која понудувачот ја доставува

 (2% од проценетата вредност на недвижната ствар)

Да се

означи/штиклира објектот за кој се поднесува пријавата

1 2 3 4
1. ДП на приземје, (дел од задружен дом), КП- 1497/3, КО Требеништа, ИЛ 630

 

Деловниот простор  се издава под закуп со намена за вршење на трговија на мало

( продажба на колонијални и прехрамбени произвоиди ), за времетраење од  10 години.

 

 

Износ во МКД:________________

 

Дата на издавање._____________

 

Рок на важност:_______________

 

 

 

 

 

 

 

Место и датум

 

 

___________________________

 

 

Одговорно лице

 

 

___________________________

(потпис и печат)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРИЛОГ 2

Изјава за прифаќање на  условите и барањата од Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца  за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање

                                                                                                                                   ________________________________

место за арх.заверка од понудувачот (за правното лице)

ИЗЈАВА

за прифаќање на  условите и барањата од Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање

Јас, _____________________________________________________________________________________

(Име и Презиме на одговорно лице (управител) на правното лице  или  Име и Презиме на физичкото лице)

со седиште/адреса_______________________________________________________________________________

 под морална, материјална и кривична одговорност со потпишувањето на оваа изјава доброволно изјавувам дека ги прифаќам во целост условите и барањата од Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање.

Место и датум

 

___________________________

Одговорно лице

 

___________________________

(потпис и печат)

 

 

 

 

 

 

ПРИЛОГ 3

Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот заради учество во постапката на Општина Дебрца по Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца  за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање.

                                                                                                                                   ________________________________

место за арх.заверка од понудувачот(за правното лице)

ИЗЈАВА

за давање согласност за користење и обработка на личните податоци

на понудувачот и одговорното лице на понудувачот

Јас, _____________________________________________________________________________________

(Име и Презиме на одговорно лице (управител) на правното лице  или  Име и Презиме на физичкото лице)

со седиште/адреса__________________________________________________________________________

во својство на  одговорно лице на правното лице:_________________________________________________

 под морална, материјална и кривична одговорност со потпишувањето на оваа изјава доброволно изјавувам дека давам изречна согласност Општина Дебрца (Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари) да може да ги користи, обработува и чува моите лични податоци (и личните податоци на правното лице ) заради учество во постапката на Општина Дебрца по Објавата бр.02/2022 објавена од Општина Дебрца за давање под закуп на ствари во општинска сопственост (објава по ВТОР пат) со електронско јавно наддавање.

Место и датум

 

___________________________

Одговорно лице

 

___________________________

(потпис и печат)

 

 

 

Работна средба со преставници од ДИЖС

Работна средба со преставници од ДИЖС

Денес во кабинетот на градоначалникот Ногачески се одржа работен состанок со претставници од Државниот инспекторат за животна средина преставуван од Сретен Стојковски – директор на Државниот инспекторат за животна средина, Дарко Блинков – Раководител на Одделението за поддршка, аналитика и меѓународна соработка во Државниот инспекторат за животна средина и Пејо Кировски – Виш инспектор за животна средина.

Целта беше да се разменат искуства и мислења за состојбата и идното управување на Белчишко Блато на кое му претстои скоро прогласување во заштитено подрачје во категоријата Парк на природата.
На состанокот се дискутираше за обврските на Општина Дебрца како иден управувач на Белчишко Блато, од аспект на кадровска и техничка опременост, како и инспекциски надзор на подрачјето.
Исто така се разговараше за остварување соработка со Државниот инспекторат и вклучување на Општина Дебрца во проекти за зачувување на природното наследство.

 

Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”

Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”

Општина Дебрца, објавува Јавен повик за пријавување на интерес за изнајмување и менаџирање со “Планинска Куќа Брежани”.

Сите заинтересирани правни и физички лица (агенции, тур оператори, туристички водичи и др.) можат да се обратат во општина Дебрца, секој работен ден од 8:00 – 15:00 часот за подетални информации во врска со јавниот повик заклучно 17.12.2022 година.

Лице за контакт:

Ангел Секулоски

E: asekuloski@gmail.com

M: +389(0)78236060

W: +389(0)46286855

Планинската куќа е лоцирана во планинското село Брежани, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на триесет километри одалеченост од градовите Охрид, Струга и Кичево. Располага со  дваесет легла , современи бањи и кујна, греење, ладење.

Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа беше реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Фотографии во прилог: