Select Page
Требеништа добива нов современ колонијален маркет

Требеништа добива нов современ колонијален маркет

Денес со потпишување на договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Викса 2016 ДООЕЛ и официјално во Требеништа се отвара нов современ маркет.

 

Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца.Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 10 години.

 

Маркетот е предвидено да започне со работа од 1.3.2023 година.

 

Со оваа постапка правиме еден уште едно придвижување на локалната економија, генерирајќи нови вработувања и решаваме еден од горливите проблеми во с.Требеништа.

 

Многу успех!

Ќе се тампонира полски пат во с.Требеништа

Ќе се тампонира полски пат во с.Требеништа

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и заменик директорот Ремзи Абдулахи.

 

Мерката 124 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, е наменета за општините на целата територија на државата, што придонесува за рамномерен регионален развој. Финансиската поддршка е во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари.

По поднесен проект од страна на општина Дебрца, одобрено е тампонирање на полски пат во с. Требеништа. #ПРОДОЛЖУВАМЕ

Христос се роди! Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Христос се роди! Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани, православни христијани,

 

Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, празник на мирот и празник на радоста.

 

Господ Исус Христос во една прилика им порача на своите апостоли: „Мир ви испраќам од небото“.

 

Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите Нас, да ги посети сите наши домови и тој Мир да ни даде сила во деновите кои доаѓаат, за да се справиме со сите искушенија и нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранција , љубов и разбирање.

 

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

 

Мир Божји – Христос се роди !

Среќна Нова 2023 година

Среќна Нова 2023 година

Почитувани сограѓани,
Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.
Во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.
Ви посакувам добро здравје и празнична топлина во Вашите домови.
Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2023 -та година.
Да сме живи и здрави