Select Page
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Дебрца и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Дебрца и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија

Препознавајќи го големиот потенцијал на регионот што го опфаќа Општина Дебрца и водени од потребата за меѓусебна соработка, заради активно унапредување и промоција на туризмот, преку соработка во реализација на проекти, формирање на заедничка туристичка понуда и збогатување на туристичките содржини, со цел заедничко претставување на туристичките потенцијали на Р. Македонија на потенцијални странски туристички пазари, денес во општина Дебрца со Директорот, Љупчо Јаневски, во името на Општина Дебрца и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија потпишавме Меморандум за соработка. Со Меморандумот се обврзавме взаемно да соработуваме во исполнувањето на обврските, кои имаат за цел формирање и збогатување на туристичките содржини и промовирање на вкупните туристички потенцијали и туристичка понуда на регионот кој го опфаќа Општина Дебрца. Направивме чекор напред кон остварувањето на нашата заложба Дебрца да ја промовираме и брендираме како зелена економија и еко туристичка дестинација. -изјави градоначалникот Ногачески, по потпишувањето на меморандумот.

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Курбан Бајрам

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.

„Ми претставува особена чест, на сите наши сограѓани, како и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви го честитам големиот верски празник – Курбан Бајрам.

Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.

Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година. Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.

Нека е честит Курбан Бајрам.

Закажана 14-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 14-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 14-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 14та седница на Советот на општината Дебрца.

Седницата ќе се одржи на ден  24.08.2018 година (петокк)

 , со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                       Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Записникот од 13-та седница на Советот на општина Дебрца.
  2. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект – Основен поркт за изградба на Фекална канализација во с.Волино
  3. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата – изградба на фекална канализација во село Волино
  4. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект – Основен проект за реконструкција на локален пат од с.Белчишта до манастир св. Богородица, с.Злести општина Дебрца
  5. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата – реконструкција на локален пат од с.Белчишта до манастир св. Богородица, с.Злести општина Дебрца
  6. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект – реконструкција на локален пат за поврзување на село Арбиново со село Лактиње, општина Дебрца
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата – реконструкција на локален пат за поврзување на село Арбиново со село Лактиње, општина Дебрца
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа и развој за 2018 година на Јавното претпријатие за Комунална дејност „Дебрца“ Белчишта
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување за 2018 година на ЈП за комунална дејност „Дебрца“
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на инвестициона програма за 2018 година на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ Белчишта
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за Комунална дејност Дебрца за период од 01.04.2017 – 30.06.2017 година
  12. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за Комунална дејност Дебрца за период од 01.07.2017 – 30.09.2017 година
  13. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈП за Комунална дејност Дебрца за период од 01.10.2017 – 31.12.2017 година
  14. Предлог – Одлука за давање согласност на Годишната сметка за работењето на ЈП за комунална дејност „Дебрца“ за 2017 година

 

  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

Програма за одбележување на 75 години од формирањето на баталјонот “Мирче Ацев” и Денот на АРМ

Програма за одбележување на 75 години од формирањето на баталјонот “Мирче Ацев” и Денот на АРМ

На 18 август ( сабота ) по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на баталјонот “Мирче Ацев” и Денот на АРМ, ОО на СБ од НОАВМ Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца на Славеј Планина традиционално, секоја година организираат масовен народен собир.

На оваа манифестација ќе присуствуваат членови на СБМ од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Скопје и други, припадници на АРМ, како и граѓани од поблиските населени места, со следната

П р о г р а м а

СЛАВЕЈ ПЛАНИНА, 10:30 часот:

1. Изведба на државната химна на РМ од страна на КУД “Далги” при ЗП Охрид и Дебрца ;

2. Полагање на свежо цвеќе пред споменикот.

3. Поздравна реч на претседателот на ГО на СБМ, Д-р Никола Стојаноски;

4. Пригодно обраќање за значењето на настанот, на претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца и потпретседател на ГО на СБМ, Гоце Георгиески.

5. Културно – уметничка програма.

Потпишан договорот за реконструкција на старата училишна зграда во Волино

Потпишан договорот за реконструкција на старата училишна зграда во Волино

Денес во Волино се потпиша договорот и го означивме почетокот на градежните работи за реконструкција на старата училишна зграда и нејзина пренамена во објект на локалната заедница.
Договорот го потпишаа Директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион , Мирјана Лозаноска и Директорот на изведувачот на работите, градежната фирма Тане 2007 Дооел Охрид.
Средствата за реконструкција , во висина од 2.464.926,00 денари, без ДДВ се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, финансирање на проекти за развој на планските региони.
Старата училишна зграда во село Волино е изградена во далечната 1939 година и до 2013 година е користена како основно училиште. Генерации и генерации на ученици од Волино во неа го стекнаа своето образование.
Од 2013 година кога се изгради новото училиште објектот е вон функција. Со реконструкцијата објектот ќе се претвори во Центар на локалната заедница.
Според договорот градежните работи треба да завршат во рок од 70 дена.