Денеска бев на увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта. Се поставува нов асфалт, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите. Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места на Општина Дебрца.
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина. Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе […]
Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината. Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници. Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во […]
Во повеќе населени места започнавме со решавање на задоцнетиот проблем со уличното осветлување. Работите се одвиваат според план, а зависно од временските услови, продолжуваме со активности на терен. Нашата цел е до крајот на оваа недела целосно да ги надминеме сите забележани проблеми со осветлувањето и да обезбедиме безбедни и осветлени улици за сите жители […]
Во текот на вчерашниот ден во Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични […]
Во просториите на Општина Дебрца денес се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Дебрца. На седницата беа верификувани мандатите на советниците, со што официјално започна мандатниот период на новиот советнички состав. За претседадел на новиот советнички состав е избран Иван Стрезоски. Свое присуство на седницата имаа и учениците од хорoт при ООУ […]
Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски. Општината учествуваше на повик за доделување на средства за […]
Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници. Акцијата опфаќа: кастрење и косење на обрасната вегетација, отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста, уредување на приодите покрај патиштата. Целта […]
Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски. На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех […]
Почитувани жители на село Мешеишта, Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ. Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ. Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО […]
Денес сме собрани со убава, но и малку емотивна причина – да ѝ посакаме среќно пензионирање на нашата почитувана колешка Лилјана Аврамоска, долгогодишен вработен во Aрхива при Општина Дебрца. Лилјана во текот на својата работа беше пример за посветеност, одговорност и скромност. Со нејзината прецизност, совесност и мирен карактер, таа успеа да внесе ред, доверба и […]
1314 БЕЛЧИШТА ДЕБРЦА ОПШТИНСКА ЗГРАДА С. БЕЛЧИШТА 1315 НОВО СЕЛО ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1316 БОТУН ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. БОТУН 1317 ПЕСОЧАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ПЕСОЧАНИ 1318 ЦРВЕНА ВОДА ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1319 ЗЛЕСТИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ЗЛЕСТИ 1320 […]
