Select Page
ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца!
Најголемиот македонски празник, симболот на нашиот непокор и традиција, го пречекуваме онака како што најдобро умееме – работно и на терен!
За поголема безбедност во сообраќајот и уреден лик на нашата општина, овие денови интензивно вршиме расчистување на крајпатната вегетација и проширување на банкините низ нашите населени места.
Активностите се одвиваат во:
📍 Оровник
📍 Мешеишта
📍 Лактиње
📍 Годивје
📍 Врбјани
📍 Сливово
📍 Мраморец
📍 Турје
Во пресрет на чествувањата, целосно е прочистен и уреден патот кон Илинска Планина преку село Брежани (до храмот Св. Илија). Со ова обезбедуваме непречен и безбеден пристап за сите верници, посетители и љубители на природата кои ќе го одбележат празникот на ова свето место.
Секој изминат ден, секој реализиран проект е доказ за нашата грижа. Секој ден е посветен на нашата Дебрца и на секој еден нејзин жител!