Select Page
Известување за затворен патен правец с.Мешеишта-с.Волино

Известување за затворен патен правец с.Мешеишта-с.Волино

Се известуваат граѓаните  дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен  кабел и изведување на градежни работи.

Затворањето ќе важи во периодот од  24.04.2026 година во деновите кои следат се до завршување на работите, во временски интервал од 8:00 часот до 17:00 часот

Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

 

Ви благодариме за Разбирањето

Општина Дебрца

Градоначалникот на општина Дебрца на терен во село Врбајни

Градоначалникот на општина Дебрца на терен во село Врбајни

Сабота – за некој ден за одмор, за нас ден за работа, без застој.
📍 Денеска бев во с. Врбјани, заедно со мештаните, на терен да ги видиме одблиску децениските проблеми што со години стојат нерешени. Не од канцеларија, туку меѓу луѓето – таму се наоѓаат вистинските решенија.
👥 Разговаравме отворено, човечки, без формалности. Сите сакаме исто – конечно да се реши тоа што предолго се одложувало.
🔧 Ќе се работи, чекор по чекор, со конкретни мерки и јасен план. Нема магија, ама има волја и работа.
🙏 Фала на мештаните за искреноста и довербата.
Градоначалникот Сиљаноски одржа средба со претставници од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца

Градоначалникот Сиљаноски одржа средба со претставници од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца

   Во мојот кабинет беа претставници од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.
🏅 Лично од претседателот г-дин Гоце Георгиевски ми беше врачена книшка за почесен член, како знак на благодарност за мојот ангажман.
🏛️ Овој ангажман, посветено и неуморно, е насочен кон негување и возобновување на спомениците и спомен-обележјата на територијата на Општина Дебрца.
📜 Исто така, од претставници од Завод и Музеј – Охрид ми беше врачено признание и книга, како израз на почит кон одржувањето и зачувувањето на нашето културно и историско наследство.
🌟 Овие признанија претставуваат мотив повеќе да продолжиме со грижата за нашето минато, со цел да го зачуваме за идните генерации.
Извршено уредување на неколку патишта во општина Дебрца

Извршено уредување на неколку патишта во општина Дебрца

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денес извршивме уредување на неколку патишта во општина Дебрца.
🚜 Со ангажман на механизација и екипите на терен, се интервенираше на делови каде беше потребно подобрување на проодноста и пристапот.
🏛️ Посебно внимание беше посветено на дворните места околу верските објекти, со цел тие да бидат уредени и пристапни за сите граѓани.
🛤️ Целта на овие активности е да се овозможи побезбедно движење и полесен пристап во деновите на празнување.
🤝 Како локална самоуправа, продолжуваме со посветена работа на подобрување на условите во секое населено место.
✨ Велигден е празник на мирот, надежта и заедништвото, и токму во тој дух ги реализираме овие активности.
🕊️ На сите граѓани на општина Дебрца им посакуваме среќен и благословен Велигден, во здравје, мир и радост.
Голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта

Голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта

🌿 Заедно со општинската администрација реализиравме голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта.
🧹 Со заеднички сили успеавме да собереме повеќе од 80 вреќи отпад, оставајќи зад нас почиста и поздрава животна средина.
🤝 Оваа акција е јасен пример за нашата грижа кон локалната самоуправа и граѓаните на општина Дебрца.
🌍 Грижата за природата е наша заедничка одговорност, а ваквите иницијативи се чекор напред кон подигнување на еколошката свест.
💚 Да продолжиме да ја чуваме Дебрца чиста, уредна и достојна за идните генерации.
👏 Голема благодарност до сите кои учествуваа и дадоа свој придонес!
Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 13.04.2026 година

Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 13.04.2026 година

Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 13.04.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека поради неработниот ден 13.04.2026г Понеделник (православен и државен празник вториот ден на Велигден), комуналниот отпад ќе се подигне во Вторник на 14.04.2026г.