Select Page
Градоначалникот Ногачески положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на водникот Игор Костески

Градоначалникот Ногачески положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на водникот Игор Костески

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата на водникот Игор Костески, заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население денес, во село Слатино, Славна Дебрца се потсетивме на најтажниот ден во поновата македонска историја, денот кога пред 22 години , кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола ).

Вејце не смее ниту да се заборави, ниту да се прости.

Нека им е вечна слава на македонските херои.

Oпштина Дебрца се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Oпштина Дебрца се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца  се приклучуваат кон акцијата  за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка на 12.05.2023 година каде е предвидено акција да започне на две локации и тоа: Училишниот двор на  ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред  Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта. Учесниците заеднички ќе пристапат на  чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, Плато пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор  на ООУ ,, Дебрца”.

МЕН ЕНД МАУНТЕН ја организира оваа пролетна акција за чистење секој втор викенд од Мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти отпадот кој се создава и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат.

Оваа ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 23 ќе се одржи на 12.-14. Мај 2023 година во

53 општини – што претставува повеќе од 1.500.000 граѓани. Годинешната ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД вклучува:

– 53 општини учеснички

– повеќе од 85% од вкупното население на Северна Македонија

– повеќе од 13.000 волонтери

– повеќе од 400 училишта

Согласно меморандумот меѓу Министерството за земјоделство и ДОО „Мен енд Маунтен “Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.

Одржана работна средба со претставници на Секретаријатот на Бернската ковенција во делот за заштита на природното наследство

Одржана работна средба со претставници на Секретаријатот на Бернската ковенција во делот за заштита на природното наследство

Градоначалникот Ногачески присуствуваше на средбата со претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, претставници на Рамсарска конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење и експерти на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство (УНЕСКО ), која се одржа во Охрид.

Тема на разговор беше заштитата на светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и исполнувањето на препораките на Унеско.

Остануваме посветени на потребата од интегрална заштита на Регионот, при што потребно е да се постигне баланс меѓу обезбедувањето на заштитениот статус и економскиот развој на Регионот, односно симбиоза меѓу човекот и природата.

 

 

 

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Честитка по повод Рамазан Бајрам

 

 

На сите верници од исламската вероисповед им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста, мирот, како и поттик за создавање на што подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.

Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на овие духовни вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме темелен напредок во нашето општество.

 

Честит Рамазан Бајрам

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта

ИЗВЕСТУВАЊЕ  за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за Контролна листа на ПУЖССА за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта.

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“. Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 20.04.2023 година официјалните веб страници на:

 

 

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.

20230420_ESMP Checklist Debrca_MK

20230420-ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ