Select Page
Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

 

Почитувани верници од православна вероисповед.

Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На овој празничен ден да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие – да бидеме добри луѓе, да подадеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.

За многу години.

EU IPA MK-AL: Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

EU IPA MK-AL: Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

Денес пристигна новото возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови . Возилото е обезбедено во рамките на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, кој општина Дебрца го спроведува со партнерите – ОО Црвен Крст Охрид, Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна. Набавката на возилото е финансирана со средства од ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % ).

Градоначалникот Ногачески положи свежо цвеќе на Славеј Планина, по повод денот на АРМ

Градоначалникот Ногачески положи свежо цвеќе на Славеј Планина, по повод денот на АРМ

Денес градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески се поклони пред Споменикот на Славеј Планина, местото каде што пред 77 години беше формиран баталјонот “Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица во текот на НОБ.

Поради состојбата со Covid 19 – оваа година настанот се одбележа со помал број на присутни делегации почитувајќи ги здравствените протоколи.

Свежо цвеќе положија припадници на АРМ и Сојузот на Борци на Охрид и Дебрца.

Нека е вечен споменот на борците од НОБ и на сите борци кои се бореле за национална слобода и самостојна македонска државност.
Честит празник на македонската Армија.

Известување за Здружението на пчелари

Известување за Здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 13.08.2020 год. (Четврток) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.

Со почит,

Одделение за
епидемиолошка дејност
Охрид
11.08.2020 година

Потпишан Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Потпишан Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Успешната соработка со Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид продолжува.

Денес проектниот координатор Ѓоко Зороски и градоначалникот Зоран Ногачески го потпишааа Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители”, финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical Ekosystem Partnership Fund-CEPF ).

Во рамките на проектот ќе се изготви Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на Белчишкото Блато, поставување на туристичка инфраструктура и организирање на обуки и настани за подигнување на свеста за заштита на Белчишкото Блато.

Крајната цел е отпочнување на постапка за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје.