Select Page
4 та пензионерска средба Дебрца 2024,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца

4 та пензионерска средба Дебрца 2024,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца

Градоначаникот Зоран Ногачески денес беше гостин на пензионерите, на “4 та пензионерска средба Дебрца 2024”,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца.

 

Општина Дебрца ја помогна организацијата на средбата,а преку своите годишни програми редовно ги помагаме тековните активности на Здружението.

Започна Рехабилитација на центарот во село Лактиње/корнење на стариот и поставување на нов асфалтен слој

Започна Рехабилитација на центарот во село Лактиње/корнење на стариот и поставување на нов асфалтен слој

Во село Лактиње започна  рехабилитација на центарот / корнење на стариот оштетен асфалтен слој и поставување на нов асфалтен слој.

 

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година

Завршено е тамонирањето на патот во месноста ,,Средно Поле” село Лешани

Завршено е тамонирањето на патот во месноста ,,Средно Поле” село Лешани

Завршено е тампонирањето на патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.

Работите ги изведе БИС Дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

 

 

Свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца” Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година

Свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца” Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година

Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес  се приреди свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца”.

Градоначалникот Зоран Ногачески Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели  училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.

Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

И во оваа прилика изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца

Асфалтирање на улица во село Песочани

Асфалтирање на улица во село Песочани

Согласно реализација на годишната програма  за реконструкција / рехабилитација на улици во населените места на територија на општината, Денес  во село Песочани  се извршуваат активности за асфалтирање на локална улица која поминува низ населеното место со вкупна должина од 1.000 m,  ширина од 3,0 m и  банкини од 0,5 m. На активностите за асфалтирање на улицата предходеше и  прочистување на вегетација и санирање на оштетени делови на улицата.

Во наредниод период ќе продожат активности за реализација на годишната програма  за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината.

Средства за активностите се обезбедени од буџет на општина Дебрца.