Aug 20, 2024
Во село Мешеишта започна со доизградба на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во оваа фаза ќе бидат изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а ќе бидат поставени и 16 ревизиони шахти.
Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски К73 дооел Струга.
Aug 20, 2024
Најзначајната спортска манифестација која во моментов се оддржува во општина Дебрца е 26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино.
Општина Дебрца и оваа година е генерален покровител на турнирот и истиот го помогна со 60.000 денари.
Општината ги помогна и следните спортски манифестации:
Турнир “Св.Никола” Требеништа, со 60.000 денари
Турнир “Петровден “Мешеишта,со 60.000 денари,
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо”,Лешани,со 30.000 денари,
Турнир “Илинден 2024”,Оровник,со 60.000 денари,
Средба на генерации на ФК.”Дебрца”,Белчишта,со 15.000 денари
Меморијален турнир “Михаел Мирчески”, Слатино,со 30.000 денари.
Фк “Сатеска” Волино и ФК “Славеј” Мешеишта,кои ќе настапуваат во регионалната лига ќе добијат финансиска поддршка од по 100.000 денари,а фудбалските клубови кои ќе се натпреваруваат во општинската лига по 30.000 денари.
Како општина определени сме и во иднина да даваме поддршка на спортот и младите.
Aug 20, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 36-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 36-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 21.08.2024 година (среда ), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 35-та седница на Советот на општина Дебрца
- Избор на претседател на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2025 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски