Select Page
Градоначалникот на Општина Пустец (Албанија) во посета на Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Пустец (Албанија) во посета на Општина Дебрца

Вчера во посетта на општина Дебрца гостин беше Г дин Пали Колефски,градоначалник на Општина Пустец (Албанија).

Во рамки на средбата е разговарано за актуелната состојба во двете локални самоуправи, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваме како единици на локалната самоуправа.

Притоа, се разменија позитивни искуства во остварувањето на надлежностите, во насока на подобрување на животните услови на своите граѓани.

Посебно разговаравме за можностите и досегашните искуства во искористувањето на средства од програмите за прекугранична соработка Македонија-Албанија.

 

Изразувајќи благодарност за посетата, Градоначалникот на општина Дебрца ја прифатив поканата за наша посета на општина Пустец и остварување на подлабока соработка на општина Дебрца и општина Пустец,рурални македонски општини од двете страни на границата помеѓу Македонија и Албанија.

Учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ во посета на опшина Дебрца

Учесниците на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ во посета на опшина Дебрца

Во текот на Вчерашниот ден градоначалникот на Општина Дебрца ги прими учесниците на шестото издание на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“,кој е во организација на Друштвото за литература и култура „Мацково.

Од страна на организаторот и учесниците е информиран дека годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, Кампот внесува нова содржина, со тоа што учесниците и организаторите ќе ја посетат и Мала Преспа, Албанија.

Од  страна на градоначалникот е истакнато дека ние сме посебно горди што основоположникот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески е родум од Црвена Вода,Дебрца и дека со одржувањето на Кампот се оддава посебен пиетет на неговото дело.

Сите ние како ученици образованието сме го започнувале со неговите дела.

Општината секоја година финансиски го поддржува Кампот,а така ќе биде и во иднина.