Aug 30, 2024
Завршено е тампонирањето на патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.
Работите ги изведе БИС Дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Aug 30, 2024
Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес се приреди свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца”.
Градоначалникот Зоран Ногачески Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.
Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.
И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
И во оваа прилика изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца