Select Page
Успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани

Успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани

Почитувани сограѓани, уште едно ветување станува реалност!
📍 Денес успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани.
🛣️ Поставени се вкупно 500м2 асфалт.
💼 Овој проект е реализиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на општина Дебрца.
🚶‍♂️ Со ова уредување значително го олеснуваме секојдневието и обезбедуваме подобри услови за сите жители.
🚜 Нашата визија е јасна – рамномерен развој и вложување во секое населено место.
💪 Не застануваме тука, механизацијата оди понатаму.
🤝 Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и домаќински за нашата Дебрца!
Набавен нов трактор и дополнителна механизација за поефикасно одржување на јавни површини

Набавен нов трактор и дополнителна механизација за поефикасно одржување на јавни површини

Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа.
На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Валон Каба, кои ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка за унапредување на комуналните услуги во општината.
Во рамки на проектот се набавени:
Трактор,
Нож за чистење снег,
Тракторска хидраулична рака со мулчер,
Пила за кастрење гранки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.693.410 денари, при што од страна на  Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа се одбезбедени 1.594.000 денари и Општина Дебрца обезбеди сопствено кофинансирање во износ од 1.099.410 денари.
Со новата механизација значително ќе се подобри работата на Општина Дебрца, особено во одржувањето на локалните патишта, чистењето на снег во зимски услови, уредувањето на јавните зелени површини и кастрењето на гранките.
Општина Дебрца и Центарот за развој на Југозападниот плански регион остануваат посветени на реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот и поефикасни јавни услуги за сите граѓани.
Во крајна фаза сме со комплетното уредување на дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ во с. Брежани!

Во крајна фаза сме со комплетното уредување на дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ во с. Брежани!

Во крајна фаза сме со комплетното уредување на дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ во с. Брежани! ⛪
Со поставувањето на 260 м2 бекатон плочки, просторот околу храмот го добива својот вистински и достоен лик, токму во пресрет на празникот Петровден.
Продолжуваме да работиме и да градиме во секое населено место во нашата Дебрца. 🏗️
ДОСТА БЕШЕ ЗБОРУВАЊЕ, СЕГА СЕ ГЛЕДААТ ДЕЛАТА – ОПШТИНАТА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ!

ДОСТА БЕШЕ ЗБОРУВАЊЕ, СЕГА СЕ ГЛЕДААТ ДЕЛАТА – ОПШТИНАТА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ!

ДОСТА БЕШЕ ЗБОРУВАЊЕ, СЕГА СЕ ГЛЕДААТ ДЕЛАТА – ОПШТИНАТА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ! 💪
🛠️ По цели две години празни ветувања и мачење на граѓаните да патуваат со километри за еден леб, ставаме крај на изолацијата – со конкретна акција на терен започнавме со комплетно уредување на простор за нов маркет во село Лешани!
💶 Доста беше само зборување, Општина Дебрца премина на дела и со силна финансиска инјекција од 10.000 денари субвенција секој месец директно ги мотивира претприемачите да инвестираат и да отвораат нови дуќани во нашите села!
📋 Пронајдовме модел, создадовме услови и веднаш по завршување на градежните работи распишуваме јавен повик за закуп за сите кои сакаат да работат, докажувајќи на дело дека општината е вистински, силен партнер кој работи исклучиво за интерес на својот народ! 🇲🇰
Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!

Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!

Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести!
✅ Денес завршивме уште еден важен дел од нашиот годишен план за асфалтирање.
📍 Комплетно е реконструирана главната улица во село Злести, на потегот од сретселото до крстосницата за Белчишта и Лешани.
🛣️ Со оваа инвестиција значително ја подобруваме патната инфраструктура, придонесувајќи за поголема безбедност во сообраќајот и полесно секојдневие на мештаните.
🤝 Продолжуваме посветено да работиме на терен и да ги исполнуваме барањата на граѓаните.
💪 Чекор по чекор, заедно градиме поубава и модерна Дебрца!
Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!

Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!

🚧 Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!
🫡Секое враќање во моето родно Лешани буди посебни емоции, но денеска сум особено горд. Мојот пат започна токму од тука, а денешниот ден е доказ дека дадениот збор пред вас не е празна флоскула, туку моја најголема човечка и градоначалничка обврска.
🚀На само неколку дена пред 7 јуни и големата слава на манастирот „Сите Свети“, започнавме со асфалтирање на патот кој води до ова наше духовно светилиште. Оваа градежна офанзива опфаќа нова асфалтна траса во должина од 350 метри, која ја реализираме преку изведувачот АД „Илинден“ – Струга, а за која одвоивме 2.400.000 денари од годишниот општински план за асфалтирање.
👉Целта ни беше јасна – градежните работи да бидат во полн ек токму сега, во пресрет на празникот, за да обезбедиме модерен и достоинствен пристап за сите верници кои ќе го посетат манастирот.
🤝Ова е само еден патоказ за тоа како работиме. Она што го ветувам и го реализирам денес во Лешани, е моја обврска за сите села во нашата општина. Токму затоа, сакам да истакнам дека во годишниот план имаме опфатено уште 5 пристапни патишта до верски објекти низ Дебрца кои целосно ќе се реализираат оваа година. Ќе се гради насекаде, ќе се работи во секое населено место и сето она што ви го ветив, секојдневно ќе станува реалност.
❤️Патот кон поубава Дебрца го градиме секој ден.