Select Page
Интензивно се работи на уредување на просторот кај изворите Горно Поле во Велмеј.

Интензивно се работи на уредување на просторот кај изворите Горно Поле во Велмеј.

🚧 Интензивно се работи на уредување на просторот кај изворите Горно Поле во Велмеј.
🌿 Овој природен бисер на Дебрца добива нов сјај, со цел да стане уште попривлечно место за одмор, прошетка и уживање во природата.
💧 Водата, зеленилото и мирот што го нуди оваа локација се непроценливо богатство кое го негуваме и го оставаме на идните генерации.
🏞️ Со внимателно планирање и посветена работа, ја унапредуваме секоја педа од нашата општина.
🛠️ Дадениот збор го претвораме во дела, чекор по чекор ја градиме поубавата Дебрца.
✔️ Делата зборуваат повеќе од зборовите!
Консултативни средби со граѓаните во рамки на подготовката на проектната документација за Коридор 8 – делница на автопат Требеништа – Ќафасан

Консултативни средби со граѓаните во рамки на подготовката на проектната документација за Коридор 8 – делница на автопат Требеништа – Ќафасан

ОГЛАС ЗА ЈАВНИ КОНСУЛТАТИВНИ СРЕДБИ

 

Се известуваат граѓаните дека во рамки на подготовката на проектната документација за Коридор 8 – делница на автопат Требеништа – Ќафасан, ќе се одржат јавни консултативни средби со цел обезбедување навремено, транспарентно и квалитетно вклучување на јавноста во процесот.

Целта на средбите е прибирање мислења, коментари и предлози од локалното население во рана фаза на подготовка на документацијата, со посебен осврт на:

  • социјалните аспекти поврзани со реализацијата на проектот;
  • идентификација, заштита и одржливо користење на културното наследство;
  • можностите за активно учество на граѓаните во процесите на информирање и донесување одлуки.

 Термини на одржување:

Општина Дебрца: 31.03.2026 (вторник) во 10:00 часот, во просториите на старото Основно Училиште во с. Волино

Општина Струга: 31.03.2026 (вторник) во 12:00 часот

Средбите се однесуваат на жители од следните населени места:

Општина Струга: Мислешево, Мороишта, Драслајца, Враништа, Корошишта, Ливада, Заграчани, Шум, Вишни, Радолишта, Калишта, Франгово, Радожда, Делогожда

Општина Дебрца: Требеништа, Волино, Горенци

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и активно да се вклучат со свои мислења и предлози.

ПОКАНА за Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

ПОКАНА за Јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15  часот во сала на состаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

 

 

Дневен ред

07 Април 2026 

Сала за состаноци – Општина Дебрца

  11:00- 11:15 Отварање на јавната расправа

Модератор Даниел Ристески

11:15-11:25 Обраќање на висок претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
11:25:11:35 Обраќање на Градоначалник на Општина Дебрца

Златко Сиљаноски

 

      11:35:12:00 Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

 

Преставник од Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016 Ѓоко Зоровски –

 

12:00-12:20
Постапка за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа и Нацрт на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа
Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
12:20- 13:00 Дискусија

 

13:00-13:15 Затварање на јавната расправа

Модератор

 

Потпишан меморандум за соработка со Општина Колоња, Република Албанија, и Музејот,,д-р Никола Незлобински” од Струга за учество на проект во рамки на ИПА 3 програмата

Потпишан меморандум за соработка со Општина Колоња, Република Албанија, и Музејот,,д-р Никола Незлобински” од Струга за учество на проект во рамки на ИПА 3 програмата

Денес во Општина Корча, Република Албанија, заедно со Општина Колоња и Музејот „д-р Никола Незлобински“ од Струга, потпишавме значаен Меморандум за соработка.
Со заедничка проектна документација и партнерски пристап, ќе аплицираме за проект во рамки на ИПА 3 програмата, со цел да придонесеме кон унапредување на културниот развој на Општина Дебрца. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на регионалната соработка и афирмација на нашето културно наследство.
Верувам дека преку вакви иницијативи ќе создадеме нови можности за развој, размена на искуства и збогатување на културниот живот за сите наши граѓани.
Продолжуваме посветено да работиме за напредокот на Дебрца. 🇲🇰🤝🇦🇱
Еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“- Село Оровник

Еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“- Село Оровник

На брегот на Охридското Езеро кај селото Оровник започнавме историска еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“.
🤝 Заедно со нашите партнери, ја покажавме силата на заедништвото: Општина Дебрца, АКВАТЕК Охрид, Воден Свет Преспа Охрид и СОС Балкан Медиа Охрид – обединети со една цел – зачувување на нашето езеро.
🌱 Оваа акција е резултат на силна лична заложба и јасна визија – екологијата да не биде само збор, туку конкретна акција со долгорочно влијание.
🗑️ Сликата која ја затекнавме беше загрижувачка – пластика, гуми, текстил и разновиден отпад распослан долж целиот брег, дел и во самото езеро, како директна закана за биодиверзитетот.
🚛 Само во првиот ден успеавме да собереме над 12 кубни метри отпад – јасен доказ дека кога се работи заедно, резултатите се видливи.
🌍 Охридското Езеро е светско природно наследство на УНЕСКО и наша должност е да го заштитиме и сочуваме за идните генерации.
🤿 Утре продолжуваме со уште поважен чекор – за прв пат во историјата на Општина Дебрца ќе се реализира подводно чистење на дното на езерото кај оваа плажа.
📍 Плажата „Дебрца“ кај Оровник има огромен потенцијал – природна убавина, мирна околина и уникатен поглед кон аеродромот „Свети Апостол Павле“ – простор кој заслужува да стане нова туристичка атракција.
💬 „Охридското Езеро е природно наследство на целото човештво. Наша должност е да го предадеме почисто отколку што го добивме.“
🚀 Ова не е еднократна акција – ова е почеток на нова ера за плажата „Дебрца“ и за нашата општина.
🙏 Благодарност до сите вклучени – ова е пример како се гради иднината!