Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026 (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15 часот во сала на состаноци во општина Дебрца.
Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.
Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.
Дневен ред
07 Април 2026
Сала за состаноци – Општина Дебрца
| 11:00- 11:15 | Отварање на јавната расправа
Модератор Даниел Ристески |
| 11:15-11:25 | Обраќање на висок претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање |
| 11:25:11:35 | Обраќање на Градоначалник на Општина Дебрца
Златко Сиљаноски
|
| 11:35:12:00 | Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа
Преставник од Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016 Ѓоко Зоровски –
|
| 12:00-12:20 |
Постапка за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа и Нацрт на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природаПретставник од Министерство за животна средина и просторно планирање |
| 12:20- 13:00 | Дискусија
|
| 13:00-13:15 | Затварање на јавната расправа
Модератор |
