Select Page
Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите на општина Дебрца

Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите на општина Дебрца

ЗАД СЕКОЈ НОВ ПОЧЕТОК СТОИ ОПШТИНА ШТО СЕ ГРИЖИ
Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош:
  •  100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;
  •  6.000 денари за прво и второ новороденче;
  •  30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;
  •  6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;
  •  Еднократна парична помош за лекување;
  •  До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;
  •  Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;
  •  Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.
➡️ Ова не се празни зборови, туку реална грижа и конкретна поддршка.
➡️ Силна општина се гради со силни семејства.
Заедно ја градиме иднината на Дебрца.