Select Page
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОПШТИНА ДЕБРЦА

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Општина Дебрца ја информира јавноста дека во врска со информациите објавени на интернет порталите, поврзани со наводна пријава против наставник од ООУ „Дебрца“, од страна на училиштето е доставено писмено известување до Општината.

 

Согласно доставеното известување од Општинското основно училиште „Дебрца“, училиштето постапило веднаш согласно законските прописи и интерните процедури и спровело внатрешна проверка на наводите.

 

Врз основа на резултатите од спроведената проверка, констатирано е дека наставникот постапил правилно и професионално во сите околности.

 

Воедно, Општина Дебрца Ве информира дека комуникацијата со медиуми е во исклучива надлежност на раководството на училиштето.

 

Општина Дебрца ја следи состојбата и постапува во рамки на своите законски надлежности. Истовремено, апелираме на одговорно информирање и почитување на процедурите, со цел заштита на учениците, наставниот кадар и угледот на училиштето.

 

Општина Дебрца останува посветена на транспарентност, законитост и обезбедување безбедна и квалитетна воспитно-образовна средина.

 

Општина Дебрца

25.02.2026 година

9-та седница на Советот на општината Дебрца

9-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 9-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 9та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  27.02.2026 година (петок) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:             

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 7-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Усвојување на записник од 8-та седница на Советот на општина Дебрца
  3. Предлог – Решение за именување командант, началник, помошници на началникот и помошен персонал на Штабот за заштита и спасување на општина Дебрца
  4. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2026 година
  5. Предлог – Решение за именување член – претставник на општина Дебрца во Училишниот одбор на ОУ „Дебрца“ – Белчишта
  6. Предлог – Одлука за остварување на субвенции во линискиот превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид
  7. Предлог – Одлука за субвенционирање на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
  8. Предлог – Одлука за донесување Правилник за изменување на Правилникот за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица
  9. Предлог – Одлука за прифаќање донација на возило за собирање на комунален отпад

 

  • Советнички прашања

                                                       

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                   Иван Стрезоски