Select Page

Општина Дебрца ја информира јавноста дека во врска со информациите објавени на интернет порталите, поврзани со наводна пријава против наставник од ООУ „Дебрца“, од страна на училиштето е доставено писмено известување до Општината.

 

Согласно доставеното известување од Општинското основно училиште „Дебрца“, училиштето постапило веднаш согласно законските прописи и интерните процедури и спровело внатрешна проверка на наводите.

 

Врз основа на резултатите од спроведената проверка, констатирано е дека наставникот постапил правилно и професионално во сите околности.

 

Воедно, Општина Дебрца Ве информира дека комуникацијата со медиуми е во исклучива надлежност на раководството на училиштето.

 

Општина Дебрца ја следи состојбата и постапува во рамки на своите законски надлежности. Истовремено, апелираме на одговорно информирање и почитување на процедурите, со цел заштита на учениците, наставниот кадар и угледот на училиштето.

 

Општина Дебрца останува посветена на транспарентност, законитост и обезбедување безбедна и квалитетна воспитно-образовна средина.

 

Општина Дебрца

25.02.2026 година