КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ
Денеска бев на увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта. Се поставува нов асфалт, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите. Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места на Општина Дебрца.
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина. Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе […]
Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината. Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници. Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во […]
Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски. Општината учествуваше на повик за доделување на средства за […]
Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници. Акцијата опфаќа: кастрење и косење на обрасната вегетација, отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста, уредување на приодите покрај патиштата. Целта […]
Почитувани жители на село Мешеишта, Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ. Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ. Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО […]
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината. Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село […]
Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид со учениците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Дебрца“ и со поддршка од Општина Дебрца, организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато. Учениците имаа можност да се запознаат со дел од богатото био-разнообразие на блатото, да идентификуваат растенија и животни, а во вториот […]
Во село Требеништа завршен неасфалтираниот дел од патот до чешмата кај “Св.Мартинија”,во должина од околу 320 метри. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Општина Дебрца, изврши набавка на 3 нови пловци со вентили за резервоари – два со димензија Ø80 и еден со Ø100. Мотажата ќе ја изврши ЈПКД „Дебрца“, а пловците се наменети за резервоарите во селата Требеништа, Оровник и Подмолје. Со оваа инвестиција конечно ќе се реши деценискиот проблем со прекини во водоснабдувањето, кој настануваше поради […]
Драги сограѓани, почитувани пријатели, Во изминативе осум години, со ваша доверба, ја имав честа и одговорноста два мандати да бидам градоначалник на нашата општина Дебрца – првиот мандат како партиски, а вториот како независен кандидат. Секогаш сум верувал дека два мандати се доволни човек да ја докаже својата визија и да остави зад […]
Во Општина Дебрца се одржа работилница во рамки на проектот EcoFire Youth Ambassadors, реализирана во партнерство со Доброволните противпожарни организации од Охрид и Дебрца и со активно учество на локални чинители. Проектот е финансиран преку Landscape Fire Management in the Western Balkans Programme (LFMWB), имплементиран од Farmahem, а негов носител е Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ […]
Ја поздравувам секоја активност за пуштање на Автопатот А2 во функција. Меѓутоа,со оглед на тоа да автопатот во најголем дел поминува низ нашата општина,со секое пуштање на делница од Автопатот се создаваат проблеми за граѓаните кои живеат во селата покрај Автопатот. Проблемите се поради недоизградените или несоодветно изградените пристапни патишта и немањето соодветни приклучни места […]
Се поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, треба да се доизградат 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Деновиве започна изградба на пристапниот пат од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”,во должина од 1.3 км. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Исто така, со министерството за транспорт и врски е потпишан договор за користење на средства за проектот “реконструкција на патот од село Злести до црква “Рождество на Пресвета Богородица”, односно […]
Започнавме со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година. Завршена е: Рехабилитација /нов асфалтен слој на улица во село Оровник,улицата која поминува кај црквата “Св.Спас” и се поврзува со новиот пристапен пат до клучка Аеродром “Св.апостол Павле”,должина 420 метри,вредност 1.589.280 денари, Рехабилитација на улица во […]
Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани. Ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Во двата мои градоначалнички мандати една од основните заложби ни беше подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам,за кој Дебрца е предодредена,поради големиот број на верски објекти,од кои некои се постари и со извонредно историско значење /црквата “Св.Ѓорѓија” во Врбјани,”Св.Јован”, во Слатино, “Сите Светии”, во […]
Успешно завршена уште една програмска активност,партерно уредување на дел од платото кај црквата “Св.апостоли Петар и Павле” Брежани. Беа поставени 120 м2 бекатон плочки и обезбедени 5 метални клупи. Вкупната вредност на работите изнесува 375.240 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
ЈПКД „Дебрца“ во соработка со Општина Дебрца , во текот на вчерашниот ден 28.07.2025 година, изврши санација на локалниот пат од село Брежани до црквата „Св. Илија“ (Илинска црква). Поради поголемите оштетувања на патот, санационите активности ќе продолжат и во текот на денешниот ден, со цел да се обезбеди што е можно подобра проодност пред […]
JПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, изврши чистење и уредување на спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа, по иницијатива и барање на жителите. Со оваа активност се овозможуваат подобри услови за користење на салата и се придонесува за поквалитетен спортски и општествен живот во заедницата. Голема благодарност до мештаните за нивната проактивност! Продолжуваме […]
По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со […]
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото. Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста […]
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.” Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати. Започнавме од село Оровник и одиме по ред. Вкупната вредност на проектните […]
По поднесените проектни апликации за инфраструктурни проекти од страна на општина Дебрца Владата со одлуката за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за 2025 година,за имплементација ги одобри следните инфраструктурни проекти: Реконструкција на локален пат село Мешеишта-село Волино,проектна вредност 15.463.596 денари, Реконструкција на […]
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, општината нарача изработка на техничка документација,Основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во село Мешеишта. Со проектот се планира поставување на нов асфалтен слој и слој од тартан со д=1,3 см,демонтажа на постојната и изградба на нова ограда […]
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното: СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури […]
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното: СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури […]
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта. Поставена е нова асфалтна подлога,на површина од 998 м2. Средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“ Започнаа активности за прочистување на јавни површини и крајпатна вегетација на територија на општината, за овие активности е ангажирана механизација на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца” како и човечки капацитети. Оваа активност е дел од редовното одржување на јавните површини и има за цел да обезбеди чист и […]
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“, започна акција за пролетно уредување и одржување на патната инфраструктура во сите населени места на територијата на општината. Акцијата ја изведува ЈПКД „Дебрца“ со механизирано косење со трактор покрај патиштата. Досега се завршени активностите во следниве населени места: Оровник Горенци Требништа Волино Мешеишта Акцијата продолжува по следниот редослед: […]
На јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа општина Дебрца преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи. Со одлука на Владата […]
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија. На […]
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН. Aкција се одржа на повеќе локации, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца”, пристапија на чистење на повеќе локации во општината. Собраниот одпад е соодветно складиран […]
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на одпад Во организација на “ МЕН ЕНД МАУНТЕН”, на 09.05.2025 година каде е предвидено акцијата да започне на пет локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Белчишта, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Лешани, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Оровник, Училишниот двор […]
Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да […]
Во село Мешеишта завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа. Ископан е каналски ров и поставен кабел во должина од околу 100 метри и поставена е потребната електроопрема.
Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци. Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.
ЈПКД ДЕБРЦА ги известува сите жители дека поради неработните денови петок 18.04.2025 година и понеделник 21.04.2025 година, нема да се врши собирање смет од домовите. Собирањето се пролонгира за еден ден и ќе се изврши согласно следниот распоред: – Рутата која беше планирана Петок 18.04.2025 ќе се собира ден порано и тоа Четврток 17.04.2025 година. […]
Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Дебрца“, во соработка со Општина Дебца, изврши косење во село Волино Со помош на Општина Дебрца и безрезервна подршка во целиот период , ЈПКД Дебрца постигна договор со изведувачот на автопатот Охрид – Кичево, „Синохидро“, за изведба на водовод на 4 траси (локации): Клучка Подмоље Горенци – Требеништа Влез […]
Поради интензивните врнежи од снег Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности „Дебрца“ веднаш излегоа на терен со лесна механизација за чистење на снег се вложија надчовечки напори до 01:40 после полноќ, но секое село беше прочистено доколку дополнително е потребно ќе се приклучат и останатите екипи и останатата механизација. Тимовите на терен работеа […]
Во пресрет на второто издание на Турнирот во мал фудбал “Св.Никола Требеништа 2025” ги подобруваме условите за сите посетители на оваа спортска манифестација,односно на источната страна од балон салата изградена е триредна трибина,во должина од 36 метри. Вкупната вредност на работите изнесува 1.121.180 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2025 година. […]
Привршуваат работите на реконструкција на локалниот пат село Злести-село Белчишта врска со регионален пат Ботун- Брежани. За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари, а 1.617.654 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година. Во активностите за реконструкција беше извршено прочистување на вегетација, […]
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. Работите се во тек, а завршувањето на проектот се […]
Поради дефект на главната водоводна мрежа Ф315 на регионалниот цевковод од пумпната станица,,Св Еразмо”, водоснабдувањето е обезбедено преку бајпас, со цел сите жители да имаат континуирано снабдување со вода. Екипите интензивно работат на санација на дефектот и се очекува брзо решение на проблемот.
Започна реализацијата на проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 1 /,во должина од 1400 метри. За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари а дел од потребните средства ќе се дообезбедат од Буџетот на општината за 2025 година. Ги […]
По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари. ОРОВНИК Реконструкција и […]
Со чистење на патните правци за село Турје и село Мраморец и патната врска село Врбјани-село Годивје-село Лактиње сите патни правци во општина Дебрца се проодни. Паралелно се работи на чистење на улици во селата, каде што тоа не е дозавршено. Апелираме на внимателно возење бидејќи поради ниските температури по коловозите има мраз и […]
Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира […]
