Започна со чистење речното корито на Сатеска кај Бел Мост- Волино Apr 2, 2026 Започнавме со чистење на речното корито на Сатеска кај Бел Мост, како дел од нашите континуирани активности за заштита од поплави. Во тек е и расчистување на дивите депонии, кои со години претставуваат сериозен проблем и негативно влијаат врз животната средина. Посебно внимание посветуваме на сите критични точки долж реката, со цел навремено да се спречи ризикот од прелевање и евентуални штети. Нашата цел е чиста, безбедна и уредена општина Дебрца – место каде што природата се почитува и штити. Апелираме до сите граѓани да бидат одговорни и заедно да придонесеме за почиста и поздрава околина. Post Views: 15