КОМУНАЛНА ИНФРАСТУКТУРА
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи. Затворањето ќе важи во периодот од 24.04.2026 година во деновите кои следат се до завршување на работите, во временски интервал од 8:00 часот до 17:00 часот […]
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денес извршивме уредување на неколку патишта во општина Дебрца. Со ангажман на механизација и екипите на терен, се интервенираше на делови каде беше потребно подобрување на проодноста и пристапот. Посебно внимание беше посветено на дворните места околу верските објекти, со цел тие да бидат уредени и пристапни за […]
Со реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци, значително ја унапредуваме безбедноста на учениците и обезбедуваме посигурен простор за нивна игра и спортски активности. Оваа интервенција е од особена важност за родителите и наставниот кадар, бидејќи создава услови децата безгрижно да го користат игралиштето во рамки на училиштето. Нашата заложба е […]
Интензивно се работи на уредување на просторот кај изворите Горно Поле во Велмеј. Овој природен бисер на Дебрца добива нов сјај, со цел да стане уште попривлечно место за одмор, прошетка и уживање во природата. Водата, зеленилото и мирот што го нуди оваа локација се непроценливо богатство кое го негуваме и го оставаме на идните […]
Со тешка механизација работевме на уредување на патот до споменикот во Српница. Извршивме чистење на крајпатната вегетација. Опфатен е дел во должина од 6 километри. Продолжуваме со активности за подобрување на инфраструктурата во општина Дебрца.
Извршив увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“. На терен присуствуваа претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои разговаравме за динамиката и квалитетот на реализацијата. Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото. Во рамки на посетата го посетив […]
Почитувани сограѓани на Општина Дебрца, сакам да Ве известам дека општината е целосно исчистена од снежната покривка што нè затекна изминатата ноќ. Уште од 3 часот наутро екипите беа на терен – подготвени, организирани и на нозе, како што доликува. На осојничавите и критични места е фрлена сол и ризла, за поголема безбедност на патиштата. […]
Завршен Базенот во с. Песочани, иако времето не нè послужи – ама кога се сака, сè се може. Ни дожд, ни студ, ни лошо време не нè сопре да го довршиме започнатото. Оваа година, Светиот Крст во Песочани ќе се фрла во новиот базен. Што сме ветиле – тоа и го правиме, зборот си е […]
Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита. Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави. Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните […]
Вчера, заедно со екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца, бев на терен до доцните вечерни часови и лично ја следев состојбата на критичните локации. Поради обилните врнежи, беа детектирани повеќе точки кои претставуваа сериозна опасност од поплави и загрозување на имотот и безбедноста на граѓаните. Со навремена реакција и координиран ангажман, сите критични точки […]
На дел од жителите во с. Мешеишта им обезбедивме полесен пристап до дома, со што конечно се надминува проблем кој со години наназад им го отежнуваше секојдневното движење, особено во врнежливи денови и во зимскиот период. Иако се работи за само двајца жители, за нас тоа не е „само бројка“, туку човечки потреби и достоинствен […]
Пробиен е патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани со сопствена механизација на Општина Дебрца, овој пат беше долгогодишно барање на жителите на с. Лешани и значително ќе го олесни пристапот до црквата. Нашата цел е рационално и домаќинско управување со буџетските средства, со што директно се заштедуваат средства на граѓаните. Продолжуваме со посветена […]
Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја. Извршено е чистење на крајпатната вегетација и отстранување на наноси од земја кои го отежнуваа движењето. Активностите се реализирани на патните правци: од автопат до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње Со ова се подобрува прегледноста и безбедноста во сообраќајот. Утре продолжуваме со активности во селата: Арбиново, Сливово, […]
Решен проблем со фекалната канализација во с. Мешеишта. Исчистена и санирана канализацијата под мостот. Отстранета е причината за непријатната миризба во изминатите денови. Утре ќе се санира и патот на овој дел. Дупките ќе бидат времено пополнети со тампон, со цел полесно и побезбедно движење на граѓаните. Во периодот што следи ќе продолжат активности, по […]
На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти. Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација […]
Завршивме со асфалтирањето на потегот од регионалниот пат Ботун – Брежани (R29273) до с. Долно Средорече, во вкупна должина од 630 метри. Овој проект е реализиран со финансиски средства од основниот буџет на Општина Дебрца, во износ од 3.957.673,00 денари. Продолжуваме со континуирани активности за подобра и побезбедна инфраструктура во сите населени места.
Денес екипите се на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд. Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми. Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат […]
Денес започнавме со уредување на банкините кои со години претставуваа сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот. Паралелно се работи и на проширување на коловозот, со што значително ќе се подобри прегледноста и протокот на возила. Оваа акција, која за прв пат се реализира по повеќе од 30 години, е уште еден чекор кон побезбедни и […]
Почитувани граѓани, Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година. Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните […]
Денес спроведуваме акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад. Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот план за чистење на сите диви депонии низ општината. Да бидеме одговорни – заедно! Како локална самоуправа инвестираме во почиста и уредна животна средина, но успехот е можен само […]
Денеска бев на увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта. Се поставува нов асфалт, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите. Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места на Општина Дебрца.
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина. Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе […]
Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината. Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници. Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во […]
Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски. Општината учествуваше на повик за доделување на средства за […]
Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници. Акцијата опфаќа: кастрење и косење на обрасната вегетација, отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста, уредување на приодите покрај патиштата. Целта […]
Почитувани жители на село Мешеишта, Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ. Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ. Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО […]
Во село Требеништа завршен неасфалтираниот дел од патот до чешмата кај “Св.Мартинија”,во должина од околу 320 метри. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Општина Дебрца, изврши набавка на 3 нови пловци со вентили за резервоари – два со димензија Ø80 и еден со Ø100. Мотажата ќе ја изврши ЈПКД „Дебрца“, а пловците се наменети за резервоарите во селата Требеништа, Оровник и Подмолје. Со оваа инвестиција конечно ќе се реши деценискиот проблем со прекини во водоснабдувањето, кој настануваше поради […]
Се поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, треба да се доизградат 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Деновиве започна изградба на пристапниот пат од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”,во должина од 1.3 км. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Исто така, со министерството за транспорт и врски е потпишан договор за користење на средства за проектот “реконструкција на патот од село Злести до црква “Рождество на Пресвета Богородица”, односно […]
Започнавме со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година. Завршена е: Рехабилитација /нов асфалтен слој на улица во село Оровник,улицата која поминува кај црквата “Св.Спас” и се поврзува со новиот пристапен пат до клучка Аеродром “Св.апостол Павле”,должина 420 метри,вредност 1.589.280 денари, Рехабилитација на улица во […]
Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани. Ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Во двата мои градоначалнички мандати една од основните заложби ни беше подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам,за кој Дебрца е предодредена,поради големиот број на верски објекти,од кои некои се постари и со извонредно историско значење /црквата “Св.Ѓорѓија” во Врбјани,”Св.Јован”, во Слатино, “Сите Светии”, во […]
Успешно завршена уште една програмска активност,партерно уредување на дел од платото кај црквата “Св.апостоли Петар и Павле” Брежани. Беа поставени 120 м2 бекатон плочки и обезбедени 5 метални клупи. Вкупната вредност на работите изнесува 375.240 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
ЈПКД „Дебрца“ во соработка со Општина Дебрца , во текот на вчерашниот ден 28.07.2025 година, изврши санација на локалниот пат од село Брежани до црквата „Св. Илија“ (Илинска црква). Поради поголемите оштетувања на патот, санационите активности ќе продолжат и во текот на денешниот ден, со цел да се обезбеди што е можно подобра проодност пред […]
JПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, изврши чистење и уредување на спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа, по иницијатива и барање на жителите. Со оваа активност се овозможуваат подобри услови за користење на салата и се придонесува за поквалитетен спортски и општествен живот во заедницата. Голема благодарност до мештаните за нивната проактивност! Продолжуваме […]
По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со […]
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото. Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста […]
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.” Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати. Започнавме од село Оровник и одиме по ред. Вкупната вредност на проектните […]
По поднесените проектни апликации за инфраструктурни проекти од страна на општина Дебрца Владата со одлуката за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за 2025 година,за имплементација ги одобри следните инфраструктурни проекти: Реконструкција на локален пат село Мешеишта-село Волино,проектна вредност 15.463.596 денари, Реконструкција на […]
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното: СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури […]
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното: СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури […]
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта. Поставена е нова асфалтна подлога,на површина од 998 м2. Средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“ Започнаа активности за прочистување на јавни површини и крајпатна вегетација на територија на општината, за овие активности е ангажирана механизација на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца” како и човечки капацитети. Оваа активност е дел од редовното одржување на јавните површини и има за цел да обезбеди чист и […]
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“, започна акција за пролетно уредување и одржување на патната инфраструктура во сите населени места на територијата на општината. Акцијата ја изведува ЈПКД „Дебрца“ со механизирано косење со трактор покрај патиштата. Досега се завршени активностите во следниве населени места: Оровник Горенци Требништа Волино Мешеишта Акцијата продолжува по следниот редослед: […]
На јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа општина Дебрца преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи. Со одлука на Владата […]
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија. На […]
Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да […]
Во село Мешеишта завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа. Ископан е каналски ров и поставен кабел во должина од околу 100 метри и поставена е потребната електроопрема.
