На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти.
Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и развојни проекти.
Буџетот е креиран со цел обезбедување финансиска стабилност и поддршка на приоритетните области, меѓу кои се: локалната инфраструктура, образованието, социјалната заштита, животната средина, спорт, култура и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Општина Дебрца ќе продолжи со одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите жители на општината.
