May 30, 2018
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 01.06.2018 год. (петок) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 08 часот.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Белчишко блато и крајбрежјето на Голема река со опфат на Грко поле,Средоречје и Ново село.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.
Со почит,
Одделение за епидемиолошка дејност Охрид
29.05.2018 година
May 29, 2018
Среда (30.05.2018г) во просториите на Општинската зграда во Белчиста со почеток од 13:00 часот. проф д-р Јадранка Бибан ќе одржи работилница во која тема на дискусија ќе биде здравиот начин на исхрана.
Поканети се сите кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за ваквиот начин на живот.

May 19, 2018
Согласно Годишната програма за социјална заштита, општината Дебрца обезбедува финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите до излетнички места во државата и соседните земји.

Во тој контекст, Општината ги покри трошоците за превоз за денешната еднодневна екскурзија на пензионерите од нашата општина на релација Дебрца – Свети Наум, Поградец – Корча – Воскопоје (Република Албанија) и обратно.
Општина Дебрца останува отворена и за други видови на соработка и поддршка на активностите на пензионерите од нашата општина.
May 15, 2018
Денес попладнево во Балон спортската сала во село Требеништа градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваш на отворањето на ракометната школа за Дебрца, во организација на Ракометната школа Вардар Седмерец, од Охрид, која е дел од Ракометната Академија Вардар.
На отворањето салата изгледаше прекрасно, бидејќи присуствуваа повеќе од 80 дечиња, со желба да ги научат сите тајни на ракометот.
Поздравувајќи ги дечињата им посакав успешна работа, со желби да се развиваат под брендот на актуелниот европски шампион Вардар, и надеж од школата да излезат многу таленти, кои преку вардаровите селекции еден ден ќе израснат во професионални ракометари.
Ние како општина,чија основна заложба е поттик на спортот максимално ќе ја поддржуваме ракометната школа, која за првпат се отвора во Дебрца и на наредната седница на советот на општината ќе предложам дополнување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца, со што ќе обезбедиме и финансиска поддршка за школата.
Искрено се надевам дека истата ќе произведе квалитетни млади ракометни таленти од нашата општина. – истакна градоначалникот Ногачески.
May 11, 2018


Пријавата за Јавни работи 2018 година,Општина Дебрца можете да ја превземете со кликање ТУКА