Select Page
Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Почитувани земјоделци,
Ве известуваме дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 која ја зафати територијата на општина Дебрца наместо 28.07.2021 година ќе биде продолжен до, заклучно со 09.08.2021 (понеделник) .

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

  1. Покрај барањето секој барател треба да достави:
  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копие од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).

НАПОМЕНА: Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копие од лична карта и трансакциска сметка. 

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

1.ПРИЈАВА

2. ИЗЈАВА за ШТЕТИ

IPARD – Инфо ден за мерка 7

IPARD – Инфо ден за мерка 7

Почитувани,

Инфо деновите за мерка 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси,  кои започнаа во Кочани и Берово, ќе продолжат во Охрид и Вевчани.

На 28 јули 2021 година (среда), Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативни настани во:

         Охрид, во салата за совет на општина Охрид во 11.00 часот.

 Инфо деновите се со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.

Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:

€€€€€€€€Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;

€€€€€€€€Колачи, тестенини и пекарски производи;

€€€€€€€€Чај и билни екстракти;

€€€€€€€€Зачини и билки;

€€€€€€€€Слатководна риба, ракови и мекотели и

€€€€€€€€Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.

  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk 

 За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Закажана 50-та седница на Советот на општината Дебрца

Закажана 50-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 50-та седница на Советот на општината Дебрца

 Ја свикувам 50та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  29.07.2021 година (четврток), со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                  

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Записникот од 49-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2021 година
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југозападниот плански регион број 07-2/8 од 25.01.2008 година

 

  • Советнички прашања

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                                         Претседател,

                                                                                                                      Петре Голабоски

Јавен Повик: За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2021 година

Јавен Повик: За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2021 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2021 година, број 01-1297/1, од 20.07.2021 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2021 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/20 ) се објавува следниот :

 

ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2021 година

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2021 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2021 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 300.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2021 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2021 година, од 01.01.2021 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2021 година.

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2021 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2021 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2021 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2021 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2021 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2021 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Димитар Велјаноски – член

3.Билјана Суклоска-Милошеска – член

Б А Р А Њ Е На субвенција за купување велосипед во 2021 година

Б А Р А Њ Е На субвенција за купување велосипед во 2021 година

Градоначалникот Ногачески упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот Ногачески упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод Курбан Бајрам

На сите граѓани од муслиманска вероисповед Ви го честитам денешниот празник, 20 Јули – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Нека овие празнични денови Ви донесат Вам и на вашите најблиски среќа, радост, љубов и внатрешен мир.

Честит Курбан Бајрам!
Kurban Bayramınız Kutlu Olsun!
Urime Kurban Bajramin!

Со почит,
Зоран Ногачески –  градоначалник на општина Дебрца