


EU IPA CBC MK-AL:Започна со градба новиот планинарски дом во с.Брежани


Информација до Здружението на пчелари

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град
Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 година да ја пријават штетата на своите култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
- Покрај барањето секој барател треба да достави:
- копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
- копие од трансакциска сметка;
- доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).
НАПОМЕНА: Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копие од лична карта и трансакциска сметка.
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 28.07.2021 година.
За сите дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 286 855.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за проценка на штети

Ј А В Е Н О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2021 година, ( Службен гласник на општина Дебрца, број 12/2020 ), Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 работник за времетраење до 6 месеци, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).
- 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 600 денари по ангажирано лице, дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае три дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 13.07.2021 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески