25 години од Вејце – 25 години сеќавање, почит и обврска да не заборавиме
Известување до жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта
Се известуваат жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта и сите учесници во сообраќајот дека поради воспоставување на автопатско решение прилазите, односно влезовите и излезите од селата кои се приклучуваат на автопатот Охрид–Кичево,почнуваќи од 29.04.2026 година се затвораат за сообраќај.
Се замолуваат жителите и сите возачи, за пристап до селата да го користат алернативниот пат кој води на клучката „Аеродром“ како единствена сообраќајна врска.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат новата сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за разбирањето.
11-та седница на Советот на општината Дебрца
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 11-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 11–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 30.04.2026 година (четврток) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 9-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 10-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршни сметки за 2025 година за Центарот за развој на Југозападен плански регион и шест сметки за реализираните проекти во 2025 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за престанок на важење на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на претседателот на комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи во општина Дебрца
- Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот на членовите на комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизотии, епифитотии и други несреќи во општина Дебрца, кои не се од редот на административните службеници во општинската администрација
- Предлог – Статутарна Одлука за изменување на Статутот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на планинска куќа с.Брежани
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
