Select Page
25 години од Вејце – 25 години сеќавање, почит и обврска да не заборавиме

25 години од Вејце – 25 години сеќавање, почит и обврска да не заборавиме

25 години од Вејце – 25 години сеќавање, почит и обврска да не заборавиме.
Денеска во с. Слатино, со длабока почит им се поклонивме на загинатите бранители од 2001 година, меѓу кои и Игор Костески од с. Слатино – млад човек кој својот живот го положи за Македонија.
Со особено чувство на гордост и одговорност, ја откривме бистата во негова чест. Овој спомен не е само белег на минатото, туку жив повик да ја чуваме вистината, достоинството и слободата што ни се оставени како аманет.
Ја посетивме и спомен-собата на Игор Костески, место кое тивко, но силно сведочи за неговиот живот, неговата храброст и големината на неговата жртва.
Достоинството на денешниот настан беше збогатено со настапот на оркестарот при ОУ „Дебрца“, кој со својата изведба внесе дополнителна емоција и почит кон овој значаен ден.
Присуството на припадниците на Армијата, ветераните и жителите на Слатино беше силна потврда дека споменот за нашите херои не бледнее – туку живее во нашата заедничка свест и одговорност.
Нека Слатино биде чувар на ова сеќавање, а бистата на Игор – вечен сведок на храброста и љубовта кон татковината.
Вечна му слава на Игор Костески!
Нека му е лесна земја!
Известување до жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта

Известување до жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта

Се известуваат жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта и сите учесници во сообраќајот дека поради воспоставување на автопатско решение  прилазите, односно влезовите и излезите од селата кои се приклучуваат на автопатот Охрид–Кичево,почнуваќи од 29.04.2026 година се затвораат за сообраќај.

Се замолуваат жителите и сите возачи, за пристап до селата да го користат алернативниот пат кој води на клучката „Аеродром“ како единствена сообраќајна врска.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат новата сообраќајна сигнализација.

 

Ви благодариме за разбирањето.